Економија
Од денеска пониски цени на горивата за денар и половина денар
Published
5 години agoна
By
Media PressЦената на бензините од
ноќеска на полноќ се намалија за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за
половина денар, одлучи вчера
Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 69,5 денари за литар, а
ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра
лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден/кг со
што тој се продава по цена од 34,167 ден/кг.
Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати
на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на
денарот во однос на доларот.
Поврзани содржини
Горивата поскапуваат за еден и пол денар
Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за денар и за 0,5 денари по литар
Намалување на цените на бензинот и на дизелот
Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за 2,50 денари
Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука
Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата
Економија
Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressМалопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)
Економија
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
Published
1 месец agoна
февруари 23, 2024By
Media PressНово покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.
Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.
Зголемување на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.
Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.
Економија
Од утре поевтинуваат бензините и дизелот
Published
6 месеци agoна
октомври 9, 2023By
Media PressЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.
За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.