Connect with us

Економија

Од денеска пониски цени на горивата за денар и половина денар

Виолета | Media Press

Published

on

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалија за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95  се продава по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ  изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден/кг со што тој  се продава по цена од 34,167 ден/кг.
Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Економија

Утврден Предлог на Законот за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на последната седница го утврди Предлог на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, денеска е утврден и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Continue Reading

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Економија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

Александар | Media Press

Published

on

Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

„Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.“ – пишува во соопштението од СДСМ

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

Continue Reading