Македонија
Општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка со Министерството за локална самоуправа.
Објавено на
Од
Media PressНа 12-та седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион која се одржа во Струмица беа потпишани договори за соработка за 2019 година меѓу Министерството за локална самоуправа и општините основачи на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Договорите беа потпишани од страна на градоначалниците од регионот и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На седницата исто така се разговараше и за актуелните состојби во Општините од Југоисточниот регион.
Градоначалникот Коста Јаневски, кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, рече дека со потпишувањето на договорите се обезбедува финансирање на оперативните функции на Центарот за развој на планскиот регион за тековната година и имплементација на проектите за регионален развој.
Министерот Милевски ги информираше градоначалниците за проширувањето на децентрализацијата со зголемени ингеренции и финансиски средства за општините, кое, ако успешно завршат започнатите процеси, ќе започне од јануари 2020 година.
Поврзани содржини

Четврток и петок прскање против комарци во Радовиш, Конче, Струмица, Валандово, Василево, Босилово и Ново Село

Ларвицидна дезинсекција и теристична дезинсекција (од земја) против комарци, во општините од Југоистокот

Две сообраќајни несреќи во југоистокот во текот на вчерашниот ден, едно лице починало

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

ВИДЕО: Пратеници фрлаат димни бомби, салата полна со чад, немири во српското собрание

За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, покажува истражувањето на Центар за граѓански комуникации

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

