Connect with us

Гевгелија

Ќе се гради фекален колектор со пречистителна станица во Моин општина Гевгелија со што ќе се заокружи целосно канализациониот систем во ова населено место

Виолета | Media Press

Published

on

 Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков денеска  во Владата го потпиша Договорот за реализација на проектот за изградба на фекален колектор со пречистителна станица за отпадни води во Моин.

За реализација на проектот од Програмата за рамномерен регионален развој на општина Гевгелија и се доделени 2.450.615 денари. Имено, на шест општини од Југоисточниот плански регион се одобрени вкупно 5.156.000 денари за подобрување на условите за живот во населените места.

Средствата за развој на селата се доделени на општините Гевгелија, Валандово, Богданци, Ново село, Босилово и Струмица, а најголемиот дел од нив ќе бидат реализирани во општина Гевгелија.

Со изградбата на фекален колектор со пречистителна станица во Моин се заокружува целосно канализациониот систем во ова населено место, каде што претходно беше изградена канализациона мрежа. Покрај грантот, за реализација на овој проект општина Гевгелија обезбеди и сопствено учество. Со него општина Гевгелија аплицираше преку Југоисточниот плански регион на објавениот јавен повик од страна на Министерството за локална самоуправа

Гевгелија

Гевгелија го проширува постојниот КОВИД-центар во кругот на Општата болница

Виолета | Media Press

Published

on

   Поради моментната состојба на ширење на Корона вирусот на подрачјето на Општина Гевгелија и зголемениот број на граѓани, на кои им е неопходна здравствена помош, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Гевгелија се наметна потребата за обезбедување на дополнителен болнички капацитет. Пред се, за пациентите позитивни на КОВИД-19 кои во болнички услови примаат терапија. За таа цел, согласно протоколите и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, во тек е проширувањето на постојниот КОВИД-центар во кругот на Општата болница, каде што досега се вршеше прием и тестирање на пациентите со Корона вирусот. Поточно, доградба на постојниот објект, каде што ќе бидат сместени осум болнички кревети за дневна терапија на пациентите со полесни симптоми од КОВИД-19.

 „Општинскиот штаб за заштита и спасување на последната седница беше информиран за иницијативата на ЈЗУ Општата болница- Гевгелија и Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија за проширување на постојниот пункт за тестирање на влезот во болницата и уредување на Дневен прифатен центар. Општнскиот штаб ја поддржа иницијативата за доградба на постојниот пункт за тестирање од Корона вирус, а од Општата болница во Гевгелија веќе е доставено барање за обезбедување финансиски средства од страна на Општината. Барањето за одобрување на средства, во висина од околу 377.000 денари, колку што чини доградбата, ќе се најде на дневен ред на претстојната седница на Советот на Општина Гевгелија која е закажана за следната недела. Сметам дека како Општина треба да излеземе во пресрет на барањето и на тој начин да обезбедиме непречено одвивање на здравствената заштита на граѓаните и подобар третман на пациентите заразени од КОВИД-19“, истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, при посетата на Општата болница во Гевгелија, каде што забрзано се одвиваат изведбените работи.

             Според директорот на Општата болница, д-р Митко Крџев, во овој Дневен центар би се третирале само полесно заболените лица кои имаат потреба од дневен лекарски третман. “Ваквата потреба е од приоритетно значење, особено, во услови кога во Општата болница не постои Инфективно одделение. Меѓутоа, Општата болница повеќе не е во можност да ги подмирува дополнителните финансиски обврски за сузбивање на Корона вирусот. Бидејќи, на повеќепати, преку итни постапки во изминативе месеци, беа набавувани средства за лична заштитна опрема на вработените во Општата болница што дополнително го оптовари Годишниот буџет на здравствената установа“, вели директорот Крџев, поради што е побарана помош од Општината.

Continue Reading

Гевгелија

Гевгелија ќе добие станбена зграда за домување на лица од социјално – ранливи категории

Виолета | Media Press

Published

on

Започна изградбата на нова станбена зграда кај поранешната Касарна во Гевгелија, која ќе биде наменета за домување на лица во социјален ризик и други ранливи групи.

Во станбената зграда се предвидени 52 стана, во кои ќе бидат сместени социјално-загрозени семејства. Зградата е дел од програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на РС Македонија. Одобрението за градење е издадено од Општина Гевгелија.

             Инвеститор на социјалните станови е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на градежните работи е ДПТУГУ „Атриум“ ДОО узов-извоз Вевчани, со лиценца „А“ за изведувач на градби од прва категорија, додека надзорот при изведувањето го врши инвеститорот – АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката- Подружница Струмица.

Continue Reading

Гевгелија

Подобрена урбаната опрема за одржување на комуналната хигиена во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, наспроти зголемените активностиза спроведување на заштитните мерки против Корона вирусот, се реализирани повеќе активности за подобрување на комуналната хигиена, информираат од Комуналец.

„Во изминатите десет месеци, набавени се 85 улични корпи за ситен отпад, 80 пластични контејнери од 1.1 м³ и 25 метални контејнери од 1.1 м³.Во овој период е реализирана и акцијата за набавка и бесплатна поделба на контејнери на домаќинствата  во оние делови од градот, каде што поради тесните улици нема услови за поставување на контејнери.           – Набавени се 1500 канти за отпад од 120 литри кои се поделени бесплатно на домаќинствата, каде собирањето на отпадот е рачно и нема можност за поставување на контејнери“, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.
Тој додава дека до крајот на годината, ќе се набават и поделат уште 500 канти, а идната година е планирана набавка на уште 1750 канти за отпад од 120 литри кои бесплатно ќе им бидат поделени на домаќинствата.

„Со тоа ќе се обезбедат услови за навремено собирање и дистрибуирање на отпадот и во оние градски делови и непристапна улици, а тоа домаќинствата нема да ги чини ништо“, вели Зумров, нагласувајќи дека за подобро одржување на комуналната хигиена на јавните површини набавена е метларка за машинско чистење на улици.       

   Во ЈПКД „Комуналец“  набавена е опрема за зимско одржување на улици и патишта  за три возила. Со тоа, всушност, се заштедени значителни финансиски средства во Oпштината. Имено, досега Oпштина Гевгелија за зимско одржување на улиците ангажирала фирми преку постапка за јавни набавки.

Continue Reading