Connect with us

Гевгелија

Во Гевгелија ќе се гради социјален станбен објект за социјално загрозена категорија граѓани

Avatar

Published

на

Министерството за транспорт и врски и АД за стопанисување со станбен и деловен простор, работат на обезбедување на услови за изградба на социјални станбени објекти во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес и Бутел во Скопје.


„Владата е максимално фокусирана на решавање на статусот на социјално загрозените лица на кои по разни основи не им е решено станбеното прашање. Нашата цел е да им овозможиме кров над глава, сигурност и подобри услови за живот на најранливите категории на граѓани“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при означувањето на почетокот на изградбата на станбена зграда во Неготино.

До сега се  изградени  вкупно 164 станови и тоа во Кочани, Македонски Брод и Струмица, а во завршна фаза е зградата во Гостивар, нагласи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Ваквите политики за згрижување на најранливите категории на граѓани спомна Сугарески, ќе продолжат и во наредниот период преку реализација на Програмата за изградба на социјални станови во различни градови низ државата.

Според директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, заедно со Министерството за транспорт и врски работат на обезбедување на услови за изградба на уште 10 други социјални згради на различни локации низ државата, меѓу кои и во Гевгелија.

Нивната изградба се очекува да отпочне до ноември оваа година.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе