Connect with us

Радовиш

Околу 130 средношколци се примени во прва година во СОУ Коста Сусинов во Радовиш во првиот уписен рок

Avatar

Published

on

Околу 130 основци се примени во прва година во СОУ Коста Сусинов во Радовиш во првиот уписен рок, што е речиси иста бројка како и лани. остануваат уште околу 170 слободни места во гимназија и стручно  за кои ќе можат да се пријавуваат учениците кои сеуште не се запишале во августовскиот уписен рок.

 Истовремено во овој период заврши и полагањето на матура во првиот јунски рок. Во наредните денови се очекуваат и резултатите.

Министерството за образование и наука ги сумираше резултатите од полагањето на државна матура на средношколците, матуранти, што ќе бидат објавени во училиштата. На денешната прес конференција во Влада, министерот за образование и наука, Арбер Адеми рече дека резултатите се подобри од оние од минатите години.

„Просечната оценка е 3.47, додека пак лани била 3.42. Англиски јазик е изборниот предмет кој е најмногу избран од учениците, од вкупно 14.103 ученици. Подобрувања има по предметите македонски јазик и литература, албански јазик, англиски јазик и математика, предмет кој имал најдобри резултати во последни 3 години.

Послаби резултати од минатата година има по предметите историја, биологија, бизнис и турски јазик“, изјави Адеми. Учениците кои не го положиле државниот испит можат да достават приговори уште утре, на 5 јули.во СОУ Коста Сусинов започна и летниот одмор но сепак училиштето не е затворено  и  има дежурни служби.

Радовиш

Започнува изградбата на три нови улици во Јаргулица

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува да вложува во развојот на инфраструктурата и подобрување на условите на граѓаните и во време на пандемија.

Започнува изградбата на три улици со фекална канализација со вкупна должина од 620 метри во село Јаргулица.

„Воедно, екипите на ЈП Плавај ќе ја променат и трасата на водоводната инсталација во должина од 2 километри“, информира градоначалникот Герасим Конзулов кој денеска беше на терен.

Деновиве започнаа градежните работи за изградба и на улица бр.8 во Урбан блок 9.3 во Радовиш. Улицата ќе биде изградена по сите стандарди и ќе има тротари, фекална и атмосферска канализација.

Пред неколку недели започна изградбата и на улица број 2 во истиот урбан блок.  Како што сознаваме од градоначалникот Герасим Конзулов во овој период во фаза на изградба се уште неколку улици во наслените места. 

Continue Reading

Радовиш

(Видео) Координирана акција на радовишката полиција во сузбивање на дрвокрадството, лишени од слобода три лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во координирана акција на Радовишката полиција и ЈП Национални шуми денеска беше откриена  организирана група за нелегална сеча на огревно дрво (дрвокрадство) на планината Плачковица.  Акцијата започнала во утринските часови по добиени сознанија до полицијата дека се врши кражба на дрва, а заврши во текот на денот.

Одземени беа 4 автомобили натоваени со огревно дрво кои беа однесени во кругот на ЈП Национални шуми. Кражбата  ја извршиле 3 полнолетни лица од Радовиш од турска националност, кои од страна на полицијата се лишени од слобода, поради прекршување на законот за бесправна сеча на огревно дрво.

Од ЈП Национални шуми велат дека ове е една од низата акции кои ги спроведува ПС од Радовиш, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина. Директорот Димче Анастасов вели дека имаат големи проблеми со дрвокрадствот, но се надева дека со ваквите акции оваа немила појава ќе се стави под контрола.

Тој додава дека тие вршат редовна достава на огревно дрво согласно склучените договори и апелира до граѓаните, дека можат да набават и огревно дрво од втора и трета класа за пониска цена, а сепак тоа да биде законски и да не се изложуваат на ризик, купувајќи дрво нелегално од дрвокрадци. 

Continue Reading

Македонија

Со положување на свежо цвеќе, одбележан 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борбa

Виолета | Media Press

Published

on

Со положување на свежо цвеќе во Паркот на младите во Радовиш беше одбележан  23 Октомври Денот на  Македонската револуционерна борба.  Свежо цвеќе беше положено на на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 23 октомври се празнува во чест на  фомрирањето на  Македонската Револуционерна Организација која е најсилното движење на Македонците за ослободување

По тој повод свежо цвеќе положија повеќе делегации. Делегација од локалната самоуправа на  општина Радовиш, Советот на општина Радовиш, Општинските организации на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Празникот се празнува по повод основањето на Македоската револуционерна органзиација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо ТатарчевДаме ГруевПетар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Празникот се празнува од 2007 година како државен празник, кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници, истовремено е и неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Continue Reading