Македонија
МТСП: Пријавете семејно насилство, сервисите за заштита и поддршка се функционални
Објавено на
Од
Media Press
Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. МТСП ја зголеми достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата. Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси http://mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx и на бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077 141 700, информират од ресорното министерство,
„Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.
МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.
Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.
Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица. Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите“, стои во известувањето од МТСП.
Поврзани содржини

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

МТСП: Пензионерите со јануарската пензија добиваат зголемени пензии за усогласување со пораст на трошоците за живот

Започнува исплата на правата од социјална и детска заштита

Шахпаска: Буџетот за 2021 година е насочен кон грижата за најмладите, намалување на невработеноста и сиромаштијата
Македонија
ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ
Published
2 дена agoна
ноември 20, 2026By
Media Press
Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.
Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.
Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Македонија
Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
Published
3 дена agoна
ноември 19, 2026By
lence
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.
На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес.
Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена.
Македонија
На свечена церемонија во Дубаи, на министерот Тошковски му беше врачена светската награда за проектот „Безбеден град“
Published
3 дена agoна
ноември 19, 2026By
Media Press
На официјалната свечена церемонија за доделување на наградите World Police Summit Awards 2026, одржана во рамки на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски му беше врачена престижната меѓународна награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.
Станува збор за значајно меѓународно признание за реформите што Министерството за внатрешни работи ги спроведува во областа на безбедноста на сообраќајот. Проектот „Безбеден град“ претставува системски пристап кон унапредување на сообраќајната безбедност, кој ги обединува современите технологии, законските измени, автоматската детекција на прекршоци и дигитализацијата на постапките, со крајна цел намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи.

Во рамки на Светскиот полициски самит, министерот Тошковски ја имаше честа да се обрати и на воведните обраќања (Welcoming Speeches), пред меѓународни полициски претставници и учесници на самитот.
Во своето обраќање тој ја нагласи важноста на меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици, истакнувајќи дека иако надлежностите на државните институции имаат национални граници, последиците од нивното дејствување или недејствување ги надминуваат тие граници.
Како конкретен пример за успешна меѓународна соработка, министерот ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа OLVX, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за сајберкриминал. Тој потенцираше дека активностите преземени во Македонија придонеле за дигиталната безбедност на граѓани во Соединетите Американски Држави.


ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан – од 2027 година ќе има место за двојно помалку граѓани

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

