Македонија
Од 01 до 07 Август се одбележува Светска недела на доењето
Објавено на
Од
Media Press
Годинешно мото на СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО е
„Подршка на родителите за да се одржи доењето“.
Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето на новороденчето.Тоа е најздравиот,најекономичниот и наједноставниот начин да се обезбеди правилна исхрана на новороденчето.
Со цел доењето да биде успешно на мајките доилки им е потребна континуирана поддршка во сите фази од мајчинството.
Во согласност со препораките од Светската здравствена организација и Програмата за заштита на мајките и децата изработена од страна на експерти во Министерството за здравство,тимот од патронажни сестри вработени во Здравствениот дом во Радовиш, редовно ги посетуваат родилките од самото доаѓање од болница па се до шестиот месец.
Понатамошната едукација се спроведува во Советувалиште за мали деца кое е во склоп на Здравствениот дом.
Целта на патронажната медицинска сестра е
-воспоставување на комуникација со стекнување на доверба
-предности од доењето за детето
-предност од доењето за мајката
Процентот на успешност од спроведување на патронажните посети, годинава е зголемен во однос на 2018 година.
Во месец Јули 2018 година од 27 новороденчиња кај 17 е воспоставен процесот на доење што значи скоро 63%.
Во истиот месец 2019 година од посетени 24 новородени ,кај 18 е воспоставен процесот на доење а тоа значи 75%.
Патронажната служба и превентивните советувалишта се постојано на располагање во давањето на стручна помош за справување со сите предизвици со доењето.Заради тоа е и зголемен процентот на родилки кои сакаат да ги дојат своите новороденчиња.Здравствениот дом со сите свои расположливи ресурси се бори а и успева во исполнувањето на своите обврски велат од Здравствен дом, Радовиш.
Поврзани содржини

Градоначалникот Сарамандов во посета на првото новородено дете во Општина Гевгелија

Машко бебе е првото новороденче во Општина Валандово во 2022 година

Во недела православните верници ќе го празнуваат празникот Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите

Димовски: Нема да може да се злоупотребуваат неделите од страна на работодавачите

Се одбележува Меѓународната недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда

Европскиот ден на јазиците, одбележан од ученици од Радовиш

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

