Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја од Радовиш со апел до граѓаните за разумно трошење на водата за пиење

Media Press

Објавено на

Поради најавените екстремно високи температури, кога по правило побарувачката за вода се зголемува, а имајќи ја во предвид хидролошката состојба и нивото на подземните води, кои во овој период од годината се доста ниски, ЈП Плаваја апелира до граѓаните на Општина Радовиш, да ја користат водата исклучиво за пиење, лична хигиена и задоволување на потребите на домаќинството.

 -Да не ја користите вода за полевање на: тревници, бавчи, ниви, разни други посеви или разладување на дворовите се вели понатаму во апелот.

 Секое беспотребно трошење на водата особено во текот на денот кога побарувачката се зголемува од 14.00 до 22.00 часот го правите на штета на Вашите соседи, пријатели, роднини или на некое семејство кое живее на високите зони во градот Радовиш и населените места, а кои имаат потреба од вода само за задоволување на нивните потреби за вода за пиење или лична хигиена.

Искрено се надеваме дека најдобронамерно ќе го примите овој наш апел со што ќе ги зачуваме количините на вода кои на сите ни се потребни во овие летни денови и дека нема водата да ја трошите за други намени, велат од ЈП Плаваја.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе