Радовиш
Каква вода пијат радовишани, ЈП Плаваја врши редовни контроли на квалитетот на водата за пиење
Објавено на
Од
Media PressСпоред последниот извештај од испитувањата на квалитетот на водата за пиење од ЈП Плаваја, радовишани пијат квалитетна вода која ги задоволува сите параметри согласно правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење.
Според добиентите извештаи од лабораторијата за испитување на храна и пијалоци, земени се примероци од повеќе локации од Општина Радовиш и резултатите се во границите на нормалата.

Така според приложените извештаи на барање на РТВ Кобра, извршено е испитување на водата за пиење во селата Сулдурци, Злеово, Војславци, Јаргулица и Покрајчево, како и на улиците Партизанска, Калузлиска и Индустриска во Радовиш, и на сите извештаи стои дека „Испитаниот примерок ги задоволува барањата на безбедност и квалитет на вода за пиење“.
Повремените прекини во водоснабдувањето како што информираат од Плаваја, се поради непредвидени и непланирани активности на водоводната мрежа.
Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да ја користат водата за пиење рационално и наменски, а не за наводнување на земјоделски површини и бавчи, како што се открени неколку случаи на вакво несовесно однесување, со наводнување дури и на нива со тутун. Додека некои граѓани во повисоките зони во градот со соочуваат со недостиг на вода или слаб притисок.
ЈП Плаваја максимално се залага за воспоставување контрола и во овој дел, со вршење на почести контроли во сомнителните зони во градот, со што ќе бидат преземени и соодветни санкции спрема несовесните граѓани кои приклучуваат вода за наводнување на диво.
„НАВОДНУВАЊЕТО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ Е НАЈГОЛЕМО ЗЛОСТОРСТВО ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, ОСОБЕНО АКО ЗГОРА НА СЕ И ВОДАТА СЕ КРАДЕ БЕЗ МЕРЕЊЕ, БЕЗ ВОДОМЕР. ЕКИПИТЕ НА ЈП”ПЛАВАЈА” СЕ НА ТЕРЕН И ГИ ПРОНАОЃААТ ВАКВИТЕ ЗЛОСТОРНИЦИ КОИ ЈА ДОБИВААТ ПРОПИШАНАТА КАЗНА“, велат од Плаваја.
„АКО ИМАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ВАКВИ ЗЛОСТОРНИЦИ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ПРИЈАВЕТЕ ГИ АНОНИМНО НА НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА“ аплеираат од ЈП Плаваја, бидејќи потрошувачката на вода во летниот период енормно се зголемува.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!





