Радовиш
Повторно чистење на депонии покрај патот кон планината Плачковица
Објавено на
Од
Media Press
Пред само два дена ЈП Плаваја со својата механизација ги исчисти дивите депонии над полигонот кон планината Плачковица, денеска како што информира Општина Радовиш повторно се чистат депонии направен за само два дена.
Овој пат екипи на фирмата Клин Кат Сервис од Скопје со асистенција на ЈП Плаваја во делот на одложување и транспорт на ѓубрето, работат на расчистување на новите депонии на патот кон планината Плачковица и дел од централното речно корито.
Чистењето се спорведува во склоп на Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 год. на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, повторно упатува апел до несовесните граѓани да не го фрлаат отпадот и градежниот шут на јавни површини, бидејќи ќе следуваат засилени контроли и казни.
И од ЈП Плаваја ги информираат граѓаните дека вршат подигање на градежен шут од пред нивните домови, потребно е само претходно да се јават и да пријават дека имат градежен шут за подигање, по што истиот ќе биде подигнат од страна на вработените во Плаваја задолжени за одржување на јавната хигиена.
Поврзани содржини

Koj и зошто се палат депонии во државата. Од 5 пожари во Македонија 4 биле на депонии

Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево

По само четири месеци повторно чистење на дивите депонии покрај патот кон планината Плачковица

Можеби некој ќе го препознае своето дело, во горниот дел на Радовишка река

Општина Радовиш ги исчисти дивите депонии, повторно ќе се врши и аеросолна дезинфекција
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



