Македонија
Запленети девизи, гориво, разна стока, ОТКРИЕН ИЛЕГАЛЕН ПАТНИК
Објавено на
Од
Media Press
Во текот на минатите две недели, царинските службеници откриле еден илегален патник и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, гориво, свежа риба, автоделови, велосипеди, технички производи, производи за електронски цигари, инсектициди, ѓубриво и рачен часовник.
Според извештајот од Царинска Урава, привремено се задржани
– 15.000 евра, откриени во соработка со полициските службеници, при контрола на грчко товарно комбе управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во кеса сместена во фиока пред совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, од кои на возачот и сопатникот им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.Проив возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 160 литри дизел гориво и 40 литри бензин, откриени се при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавеното гориво, пронајдено во вкупно 12 пластични канти сместени под долниот кревет и пред совозачкото седиште во кабината на возилото. Привремено се задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– Околу 30 килограми свежа риба, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан.
– велосипеди, автоделови (гуми со бандажи за вилушкар и патнички возила, сетови гуртни и дискови, сет автомеханичарски алат, сајли за рачна кочница иламбда сонда), техничка стока (фрижидер, столна ламба, лаптоп-компјутери, компресор, пумпа за базен, iPad Pro 12, тастатура и печатар), филтри за цигари, течност и испарувач за електронски цигари, рачен часовник, инсектициди, ѓубриво и плински скари, откриени во 5 одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.
Во првиот случај, во соработка со Одделението за истраги, била извршена контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од с. Слепче, Демир Хисар,
Во вториот случај, на граничниот премин ГП Ново Село била извршена контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.
Во третиот случај, на граничниот премин Блаце бил извршен детален преглед на македонски камион за превоз на возила, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.
Во четвртиот случај, на граничниот премин Дојран, била извршена контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.
Во петтиот случај, на граничниот премин Табановце автопат, бил извршен детален преглед на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Притоа, во просторот за сместување палети, зад празни пластични туби, како и во кабината на камионот, биле пронајдени непријавени 450 килограми инсектицид Galition Ekstra, 5 литри течно ѓубриво Leaf-MT и 2.250 милилитри суспоемулзија DuPont Exirel.
Во сите случаи, горе наведените непријавени производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.
Според извештајот на 04.06.2020 година околу 15 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријавил македонски камион управуван од македонски државјанин. При преглед на возилото, во кабината зад горниот кревет кој бил подигнат, мобилните царински тимови откриле сокриена албанска државјанка, која се обидела нелегално да влезе на територијата на Македонија Лицето е предадено на службеници од гранична полиција за понатамошна постапка.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Спречен обид за криумчарење на 312 парчиња пури, во вредност од четири илјади евра

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



