Здравје
Корона вирусот не стивнува, потврдени се 52 нови случаи на КОВИД-19
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со коронавирусот во државата.
„Во последните 24 часа направени се 661 тестирање. Потврдени се 52 нови случаи на позитивни пациенти на КОВИД-19 вирусот. Во Скопје – 26, Куманово – 6, Штип – 7, Тетово – 9 , Струга – 2, по 1 пациент во Велес и во Кочани. Имаме 4 починати пациенти – двајца на Клиниката за инфективни болести и двајца во ГОБ „8-ми Септември“. На возраст од 73, 82, 76 и 55 години“, рече министерот Филипче.
Излекувани се 30 пациенти. Во Скопје – 16, Тетово – 10, Велес – 1, Охрид – 2 и во Кратово – 1 излекуван пациент.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 2.129, оздравени 1.516, починати 126, и во моментот бројот на активни случаи изнесува 487.
Досега во земјава се направени 27.684 тестови, за скрининг 3.015, 5 се позитивни од скринингот – 4 од градинки и 1 од геронтолошка установа.
„ Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се
прави статистиката за секои две недели наназад, изнесува 5,5% и тука се
калкулираат и тестовите направени од скринингот, од моментот кога почнаа да се
прават. Капацитетот во болниците е пополнет 11%, и со тоа здравствениот
капацитет, здравствениот систем е во добра кондиција“, изјави министерот
Филипче и додаде дека бројот на оздравени здравствени работници е висок – над
92%. Инциденцата во последните 14 дена е 10,3%, 3 пати помала во однос на пикот
во април месец, но продолжуваме постојано да ја пратиме. Има градови во кои
биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема: Дебар, Кавадарци, Гевгелија,
Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски
Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево, и во 7 града има до 5 активни случаи:
Кочани, Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино“ изјави Филипче на
денешната прес конференција.
„Зголемениот број на случаи доаѓаат најчесто од познати кластери, меѓутоа
има и некои нови околу тие кластери, во неколку општини. Е сега, некои
работи коишто овие ден-два загрижуваат. Информациите кои што ги добивме од
терен од колегите, од здравствените работници за непочитувањето на
мерките беа индикатор, аларм, да направиме контроли во текот на вчерашниот ден
во однос на степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на
сите процеси во врска со епидемиолошките препораки. Се направи надзор во Тетово
во локалниот центар за јавно здравје и во Штип каде што се анализираа сите
случаи“, потенцираше министерот Филипче.
Тој истакна дека од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува
самоизолацијата, дека има генерално непочитување на сите изречени мерки –
носењето на маските како и дистанцата, како во Тетово така и во околните места
кајшто има новодијагностицирани случаи.
Од увидот во Штип, непочитување на правилото за транспорт посебно на
вработените во конфекциите каде што има новодијагностицирани пациенти, една
конфекција, еден погон е затворен по налог на Државниот санитарен и здравствен
инспекторат, меѓутоа во транспортот во автобусите се возат вработени од сите
конфекции, се собираат од сите околни места во Штип. Не се почитува правилото
за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето на маски. Во една
конфекција има 17 заболени и уште 70 контакти коишто се во изолација.
„Уште еден проблем со којшто се соочуваат колегите епидемиолози – одбивањето на
соработка од страна на пациентите, потешкотии во спроведувањето на
епидемиолошките анкети, одбивањето да дадат точни податоци, даваат лажни
адреси, тешко може да се достават решенијата за самоизолација. Од последната
анализа имаме концентрација поголема во 4 скопски општини: во Сарај, Чаир, Гази
Баба, Бутел и Аеродром и како што кажав огромен процент на новозаболените се
како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и за лична заштита.
Овие новодијагностицирани пациенти се практично заразени и во период кога имаше
строги рестриктивни мерки во однос на движењето и беа во важење истите овие
мерки коишто се сега во однос на превенцијата. Загрижува уште повеќе што има
информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор. Затоа
барам апсолутно поголема ажурност од страна на Министерството за внатрешни
работи – поголема контрола и санкции на тие коишто овие мерки не ги почитуваат.
Ние продолжуваме активно да ја следиме состојбата“, изјави министерот Филипче.
Тој порача дека повторно ќе се воведат рестрикции, таргетирани, локализирани на некои места, согласно бројот на новодијагностицирани или поинакви, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. „Мерките се јасни, воопшто не се тешки да се спроведат. Занемарувањето на присуството на вирусот нема да ни помогне. Само го одлага решавањето на овој многу сериозен проблем. Треба да се носи маска, често да се мијат рацете, да се прави дезинфекција и да се прави физичката дистанца“, додава Филипче.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

