Connect with us

Македонија

Комисијата за заразни болести ќе оцени дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на изборите

Media Press

Објавено на

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција меѓу другото рече дека комисијата за заразни болести на база на своите сознанија и анализи ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на изборите

„Деновиве, исто така, се појавија шпекулации и тези дека здравствената криза или олабавување на мерките може да се искористи во политички цели или во интерес на изборите. Сакам јасно да порачам дека во изминатите два и повеќе месеци, колку што трае оваа криза, ниту една одлука не беше донесена под каков било политички притисок или за каков било политички интерес, тоа така ќе остане и понатаму и ние од тоа нема да отстапиме. Комисијата за заразни болести на база на своите сознанија и анализи ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на изборите. Исто така, сакам да напоменам, што е исклучително важно, дека кога и да се одржат изборите тие ќе мора да се спроведат под строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните, којшто протокол, исто така, ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести, заради тоа што нема да дозволиме било каква организација, која може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза“, рече министерот Филипче.

Министерот посочи дека бројките на пациенти се намалуваат, епидемијата спласнува.

„Тоа особено нѐ радува и ни дава за право, тоа што и веќе го правиме, да работиме на олабавување на мерките, постепено да почнат со работа сите компании и субјекти, кои сега се затворени“, истакна Филипче.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе