Радовиш
117 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев, во Радовиш одбележана од политичките партии
Објавено на
Од
Media PressОдбележувањето на 117 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев и во услови на вонредна состојба поради корона вирусот, во Радовиш не беше изоставено.
Изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија со присуство на делегации од општината од Сојузот на борците и останати здруженија, но беше одбележано од страна на политичките партии од Радовиш.
На споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите, свежо цвеќе положија делегација од СДСМ, делегација од млади сили на СДСМ и делегација предводена од Кандидатот за пратеник од СДСМ Коле Чаракчиев.
Со положување на свежо цвеќе од страна на делегација предводена од кандидатот за пратеник од СДСМ Коле Чаракчиев, на спомен обележјето на Јосип Броз – Тито, југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, беа одбележани и 40 години од неговата смрт.
Претходно свежо цвеќе на спомен обележјето на Гоце Делчев во паркот на младите положија и делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, делегација од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, делагација од унија на жени, делегација од ветераните од ВМРО- ДПМНЕ и делагација предовдена од кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ Здравко Тарајнов.
Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип,
По убиството на 04 мај 1903 година, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Поврзани содржини

Радовиш му оддаде почит на великанот Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на спомен обележјето во Паркот на младите

Струмица му се поклони на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев

Струмичани му се поклонија на великанот Гоце Делчев, на најголемиот македонски син

По 155 километри марш, пратеникот од Левица Сашко Јанчев се поклони пред гробот на Гоце Длечев

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Мицкоски: Ќе поднесеме Декларација во македонското Собрание за да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

