Македонија
Останува ли на сила мерката за задолжително носење заштитна опрема на носот и устата
Објавено на
Од
Media Press
Владата информира дека во сила остануваат да важат мерките за
лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или
шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети,
продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и
слично.
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога
не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.
Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на
станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со
задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во
моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на
отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.
За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април
предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за
физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење
заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра
во денарска противвредност.
Владата информира дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица
на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14
години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено
движење на млади лица, надвор од полицискиот час.
Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на
уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде
санкционирано согласно законските норми.
Поврзани содржини

Владат го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор

Главниот координативен кризен штаб ѝ препорача на владата да ја укине обврската за носење на маски за средношколците

Шаренило од маски и бои на традиционалната Априлијада денеска во Радовиш

Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски

Министерот Шаќири појасни кога учениците ќе престанат да носат заштитни маски во училиштата

Се укинуваат сертификатите за влез во моловите, за маските во училиштата не било дискутирано

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

