Connect with us

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Објавено на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

🚒 НОВА ОПРЕМА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ: ДПД „Мантово“ Конче ги засилува своите капацитети во борбата против пожарите!

Media Press

Published

на

КОНЧЕ – Доброволното противпожарно друштво ДПД „Мантово“ – Општина Конче продолжува со континуирано усовршување и зајакнување на својата подготвеност за справување со пожари и вонредни состојби. На настанот 30 – години Конче беше извршено официјално примопредавање на нова, современа противпожарна опрема наменета за потребите на локалните доброволни пожарникари.

Настанот помина во знак на меѓусебна соработка, каде што претставници на друштвото со цврсто ракување ја официјализираа поддршката која е од витално значење за целиот регион.

🛠️ Што опфаќа новата опрема?

На изложените штандови пред противпожарните возила, членовите на ДПД „Мантово“ имаа можност да ја преземат следната опрема:

Две нови противпожарни возила кои значително ќе ја олеснат работата на терен.Современа противпожарна опрема наменета за Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Мантово“ од Конче.

  • Моторни пили (STIHL): Најсовремени професионални алатки за брза интервенција на терен и расчистување на непристапни шумски подрачја.
  • Моторни дувачи: Наменети за гаснење и контролирање на лисната маса и помали шумски пожари.
  • Заштитна опрема и униформи: Професионални заштитни шлемови, опрема за спасување и комплетни униформи за безбедно дејствување на пожарникарите.

Оваа техничка поддршка значително ќе ја подигне ефикасноста и брзината на реакција на ДПД „Мантово“ на територијата на Општина Конче, но и во околните населени места, што е особено важно во периодите со зголемен ризик од шумски пожари.

Прочитај повеќе