Струмица
Местото каде што извира релаксацијата: Термал Лукс & Спа – бисерот што не смеете да го пропуштите во Македонија
Објавено на
Од
Media Press
Сместен во спокојната закрила на планината Беласица, каде што природата го дарува својот најскапоцен лек, се наоѓа вистински оаза за сите сетила – Термал Лукс & Спа. Ова е местото каде што од длабочините на земјата извира лековитата термална вода со температура од 72°C, која внимателно преточена во модерните термални базени, нуди совршена хармонија меѓу здравјето, релаксацијата и чистиот луксуз.
Овде, каде што планинскиот воздух е кристално чист, исполнет со свежина што ги отвара белите дробови и го бистри умот, започнува вистинското патување за душата и телото.
Комфор, елеганција и беспрекорен комфор
Термал Лукс & Спа не е само место за престој – тоа е доживување. Комплексот располага со модерно и удобно опремени соби и апартмани кои нудат максимална приватност и мир.
За љубителите на добрата храна и забава, ресторанот на комплексот е познат по своите викенд-забави кои создаваат незаборавна атмосфера, додека елегантниот лоби бар е совршен за утринско кафе или попладневен разговор.
ROOFTOP -ресторан со врвна гастрономија и поглед што го одзема здивот
Посебен печат на целиот комплекс му дава ексклузивниот руфтоп ресторан на самиот покрив. Со панорамска глетка кон недопрената природа на Беласица, овој простор е вистински гастрономски рај. Овде врвните кулинарски мајстори подготвуваат вистински специјалитети за сите гурмани, а за време на викендите ресторанот станува епицентар на најубавите забави и незаборавен помин.
Содржини за секој вкус и секоја генерација
Комплексот нуди комплетно спа и велнес искуство:
- Внатрешен и надворешен термален базен за уживање во сите годишни времиња.
- Релаксирачко џакузи и посебно уреден оддел за најмладите.
- Велнес и спа
Овде е рајот за душата, овде телото навистина одмара.
Ако барате совршено бегство од секојдневниот стрес или дестинација која на најдобар начин ја претставува природната моќ и гостопримството на Македонија, Термал Лукс & Спа е адресата која мора да биде во вашиот календар.
Моменти на чиста релаксација и совршено велнес искуство
Срцето на Термал Лукс & Спа е посветено на вашата пoцелосна регенерација. Лековитата термална вода, во комбинација со модерно уредениот спа центар, создава амбиент каде што стресот едноставно исчезнува.
Семеен комфор: Посебно уреден оддел за деца, за најмладите да уживаат во своја сигурна и забавна зона.
Елеганција и ексклузивни содржини
На располагање на гостите се и:
- Елегантен лоби бар, удобна смокинг ареа и практичен мини шоп.
Конференциска сала
Модерна конференциска сала за деловни настани.
Елеганција, комфор и премиум содржини
Ексклузивен Пура Бар, кој покрај стилскиот ентериер, плени и со впечатлива колекција на уникатни антиквитети.
Овде е рајот за душата, овде телото навистина одмара!
Продолжува…
Поврзани содржини
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
















































