Connect with us

Македонија

„Лице одговорно за управување и/или постапување со отпад“ – потребно е да полага стручен испит за управител со отпад

Media Press

Објавено на

Компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, согласно член 21 од Законот за управување со отпад, се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице-управител со отпад.

Управителот со отпад е лице кое поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, а за стекнување на Уверение, лицето потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.   
За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија организира обука за „Лице одговорно за управување и/или постапување со отпад“, согласно Програма акредитирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е задолжителна за сите лица кои планираат да полагаат стручен испит за управител со отпад. 
Обуката опфаќа 50 училишни часови, распоредени во 8 предавања кои ќе се реализираат во периодот август-септември 2026 година, за сите заинтересирани за полагање на испитот кој престои во перидот октомври 2026 година, согласно Оглас кој ќе биде распишан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Потребни услови кои треба да ги исполнува кандидатот за полагање на стручен испит за Управител со отпад:   
–    Да е државјанин на Република Северна Македонија
–    Да има живеалиште во Република Северна Македонија
–    Да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)
–    Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, се додека траат последиците од забраната;
–    Да има најмалку 3 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина и
–    Потврда за задолжителна обука за управување со отпад/виш управител за отпад од овластено правно лице од страна на МЖСПП (Комората е овластено правно лице)

Управителот со отпад е одговорен да:    

  • Ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад;
  • Води евиденција и изготвува извештаи;
  • Ја спроведува годишната програма на својата компанија;
  • Го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;
  • Ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија;

ПРОГРАМА НА АКРЕДИТИРАНАТА ОБУКА:
I.    Прописи за управување со отпад
–    Закон за управување со отпадот
–    Општи правила за постапување со отпад
–    Базелска конвенција
–    Видови отпад
–    Евиденција на отпад
–    Интегрирана мрежа за отстранување на отпад
–    Дозволи за управување со отпад
–    Претоварни станици
–    Постапување со посебни видови на отпад
–    Складирање на отпад
–    Депонии
–    Планирање при управување со отпадот
–    Управување со пакување и отпад од пакување
–    Батерии и акумулатори
–    Управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема
–    Дополнителни текови на отпад
–    Проширена одговорност на производителот

II.    Прописи за животна средина
–    Закон за животната средина
–    Подзаконски акти

Целосната програма можете да ја видите на следниот линк:

Предавачи на Програмата се овластени лица со положен стручен испит за управител на отпад, кои имаат експертиза во областа на животната средина со посебност кон одржливо управување со отпад, истите се претставници од реалниот сектор кои имаат повеќе од 10 годишно работно искуство во дадената област.
–    Проф. Д-р Филип Ивановски, извршен Директор на Пакомак Доо, првиот колективен постапувач за отпад во земјава, основан 2010 година од 11 реномирани компании од прехрамбемната индустрија. Ивановски има над 25 години работно искуство, како инженер во Пивара Скопје АД, Словин Југококкта АД и Извршен Директор на Горска.  На позицијата Извршен Директор на Пакомак е од самото основање и е меѓу првите кои положиле за Управители за отпад во 2011 година. Ивановски е вонреден професор на УАЦС по предметите Основи на управуваwе со операции и Продажен Менаџмент. Вклучен е во проекти за Циркуларна Економија и зголемување на капацитетите за собирање и рециклирање во земјава. Од основањето во 2017 до крајот на 2023 година е Претседател на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската Комора на Македонија.
–    д-р Александар Матески, директор на сектор за правни и корпоративни работи во Прилепска пиварница АД Прилеп. Матески извршува работни задачи и од областа на управување со отпад и поседува Уверение за положен испит за вршење работи за управување и постапување со отпад. Коавтор е на „Водич за практична примена на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад“ и „Прирачник за општинската надлежност во областа на управување со отпад од пакување“.
–    М-р Ана Мазневска Каранфилова, раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање  каде работи на подготовката на регулатиивите за управувањето со отпад на национално ниво. М-р Каранфилова Мазневска работи и на подготовка на планови за управување со отпад, мониторинг и собирање податоци, како и на изработка и координација на технички и економски студии за управување со специјални текови на отпад. Таа води тим на неколку проекти финансирани од ЕУ поврзани со управувањето со отпад.

Динамика на реализација на обуката: 
–    Два пати неделно, од 10:00-14:00 часот, online на платформата Webex Cisco
–    Предавањата започнуваат од 26 август (среда)

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
•    упатства за приклучување на онлајн семинарот;
•    работни материјали во електронска верзија;
•    Пробно тестирање (проверка на знаење)
•    Потврда за учество во обука за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад
•    Бесплатен пристап до 11 е-обуки на македонски јазик од областа на животна средина, циркуларна економија и зелени вештини.    

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 21.8.2026 година.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе