Connect with us

Радовиш

Работилница во рамките на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“

Media Press

Објавено на

Во Радовиш, одржана работилница во рамките на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани”, во организација на Мрежата за рурален развој и ЛАГ Плачковица.

Работилницаата започна со претставување на состојбата на LEADER пристапот, презентирање на постоечката стратегија на ЛАГот, како и претставување на пристапот и методологијата за ажурирање на ЛАГ стратегијата.

Истата се одржа во рамките на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани”, поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој.

-Во рамките на проектот, Мрежата за рурален развој предвиде реализација на активности поврзани со промоција на EU LEADER пристапот во општини од источниот и југоисточниот плански регион, односно териториите кои ги опфаќаат ЛАГ Малеш-Пијанец, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Беласица Огражден и ЛАГ Бојмија. Активностите се однесуваат на ажурирање на Локалните стратегии за развој, кои се подготвени од ЛАГовите во 2015/2016 год, рече Столе Георгиев, овластено лица на ЛАГ Плачковица.

Со афирмацијата на EU LEADER пристапот во руралните средини, Мрежата  за рурален развој тежнее кон развој на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини, со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата. Работилницата се одржа во ресторан Маг- Марг во Радовиш а учество зедоа околу 20 ученици.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе