Радовиш
ЈП Плаваја, Радовиш со мерки за превенција од корона вирус
Објавено на
Од
Media Press
Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот ЈП Плаваја од Радовиш согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство со апел до граѓаните во кој се вели:
1. Сите Ваши потреби со службите на ЈП„Плаваја“ да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (email).
2. Плаќањето да го Вршите преку електронската наплата на веб страницата на претпријатието (www.plavaja.com.mk) или електронските банкарства на Вашите банки. Сите наплатни пунктови се во функција и во крајна потреба можете да ги користите и нив или некој од Вашите досегашни начини на наплата.
4. За сите проблеми да ги контактирате Раководителите во ЈП„Плаваја“ по телефон и тоа:
Проблеми со
водоводни и канализациони инсталации (дефекти, запушувања, истекувања, нови
приклучоци и слично):
ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ – 071 396 001
Проблеми од
правна природа (извршувања, тужби, опомени и слично):
МАРИЈА ВАЛАКОВА – 071 396 020
Проблеми
поврзани со сметките кои ги добивате од ЈП„Плаваја“ (корекции, грешки,
одјавувања и слично):
СТРАХИЛ ГАВРИТОВ – 071 396 003
Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми и ќе Ве упатат во понатамошните постапки. ФИКСЕН ТЕЛЕФОН ПОРТИРНИЦА: 032 635 323
Отворени електронски пошти: info@plavaja.com.mk или plavaja.radovis@gmail.com
-Исто така Ве известуваме дека Читачите на водомери (Инкасаторите) нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во Вашите домови туку само на водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со точна состојба на водомерите, истата можете да ja пријавите на Читачите на водомери телефонски на броевите кои се објавени на веб страната на претпријатието www.plavaja.com.mk стои во апелот со препораки на ЈП Плаваја, за заштита од корона вирусот.
Поврзани содржини

JАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПРИ ТОПЛО ВРЕМЕ

ЈП Плаваја со факти и докази дека редовно се одржува депонијата во Радовиш

ЈП ПЛАВАЈА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ

ЈП ПЛАВАЈА: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД НАСЕЛБА КУКЛЕВИЦА И РАКЛИШ

ЈП Плаваја: Со вода за пиење наводнувал 3–4 декари тутун со распрскувачи

Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава усвоени препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

