Connect with us

Македонија

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот 2 Април

Media Press

Објавено на

Секоја година на 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Генералното собрание на Обединетите нации во 2007 година го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам.
Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас. Причините се непознати, иако се верува дека постои генетски фактор поврзан со еколошка компонента. Со персонализиран и специјализиран терапевтски третман, можно е да се зголеми квалитетот на живот на лицата засегнати од аутизам.
Според Светската здравствена организација (СЗО), едно од 160 деца ја има оваа состојба и инциденцата се зголемува за 17% годишно во светски рамки. Секоја година се повеќе деца се дијагностицирани со аутизам, а бројката ја надминува онаа на СИДА, рак и дијабетес заедно.
Препознатлив симбол за аутизмот е парче сложувалка во сина боја. Бојата го претставува спокојството што им е потребно на семејствата и на луѓето со аутизам за да живеат со таа состојба, а делот од сложувалката означува дека лицето со аутизам не се изолира себеси затоа што тоа го сака и му треба поддршка од другите.

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други, вели премиерот Христијан Мицкоски во својата објава на социјалните мрежи по повод овој ден.

Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест.

Како Влада, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност, стои во објавата од премиерот. Тој додава: Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе