Македонија
До крајот на април ќе се знаат новите претседатели на општинските комитети на ВМРО -ДПМНЕ, најави Ковачки
Објавено на
Од
Media Press
„Имаме над 800 апликанти за овие позиции коишто сега ги споменавме, претседатели на општинските комитети, и телата на партијата, ветераните, младите и жените. Значи, над 800 апликанти имаме, нешто што е показател дека членството се мобилизира, е мотивирано, присутно е и сака да придонесе во развојот на партијата и татковината’’, појасни Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Ковачки очекува до крајот на април да завршат сите процедури, а новите раководства на телата да ги оформат општинските комитети и да продолжат со работа на терен во интерес на граѓаните.
„Таму некаде до кај крајот на април тие нови претседатели би требало да ги имаат комплетирано своите општинските комитети, и месните комитети коишто исто така се основната клетка на партијата и да го затвориме ова мало реконструирање во партијата’’, заклучи Ковачки.
Поврзани содржини

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

ВМРО – ДПМНЕ: Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата каде се поништуваат сите аранжмани и политики на владата на Заев поврзани со мигрантите

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, и има најмногу советници во 59 општински совети и Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултат, по 20 години, победа во прв круг во бастионот на СДСМ, Струмица и во 33 општини

ВМРО -ДПМНЕ: Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија

ВМРО -ДПМНЕ со претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова одржа голем митинг во Радовиш

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

