Connect with us

Гевгелија

Гевгелија Мол – прв модерен трговски центар во Гевгелија МЕГА шопинг парк, место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат

Media Press

Објавено на

Гевгелија Мол – прв модерен трговски центар во Гевгелија МЕГА шопинг парк, место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат.

Лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица, центарот ги отвори своите врати овој викенд создавајќи шопинг искуство и доживувања за сите вкусови, модерен амбиент, забава и пријатни мигови на релаксација.

Спектакуларно отворање со многу изненадувања и забава за најмладите со Дедо Мраз, интерактивни игри и анимации и прекрасен  музички дел.

„Во празнична атмосфера и со голема посетеност, овој викенд официјално започнуваме со работа. Овде има за секого по нешто од најмалите до повозрасните, со оглед на тоа што се наоѓаме на неколку метри од автопатот“ , вели Мимоза Маркова, Директор на Гевгелија Мол.

Гевгелија Мол се наоѓа во близина на границата со Грција, на само 200 метри од автопатот, на површина од 10.000 m², со впечатлива модерна архитектура и внимателно дизајнирани продавници кои создаваат пријатна атмосфера.

Молот нуди за секого по нешто – најголемото „Jumbo“ во Македонија, ексклузивни  продавници со над 25 луксузни брендови, како Армани, Гучи, Версаче, Валентино, Долче и Габана и многу други. Дополнително е збогатена понудата на центарот, со кафе бар и продавница заслатки задоволства и деликатеси, каде секој може да направи пауза или да ужива во пријатен момент.

Со отворањето на Гевгелија Мол, регионот добива нов центар за возбудлив шопинг, место за прошетки, средби, забава за најмладите, за инспиративни моменти за сите вкусови и генерации.

Создаден со инвестиција од 10 милиони евра од „Монополист Инвест“, во сопственот на Марјан Николовски, Молот носи нова енергија и дополнителни можности за градот и околината, обезбедувајќи модерен амбиент и многу содржини на едно место, носејќи незаборавно светско шопинг искуство.

прикажи повеќе

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе