Connect with us

Избори 2025

ВМРО ДПМНЕ на голем народен митинг во Скопје го промовира кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски

Media Press

Објавено на

„Доаѓајќи наваму, се присетив на сите наши битки, на сите наши предизвици, успони и падови кои заедно ги изодевме. Поздравувајќи се со вас, мојот народ, морам да кажам: иако можеби не ги познавам сите имиња, ги познавам вашите ликови, ги препознавам вашите надежи и срдечни дланки. Тие не се разликуваат од надежите и лицата на сите наши луѓе низ убавата Македонија.

И денес стојам скромно и искрено, како на почетокот од оваа моја улога, и ви велам: НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРАМ!“ рече претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски пре скопјани.

„Македонија не се само спомениците, зградите, салите. Македонија се и маалата, улиците, парковите. На овие избори одлучуваме за микро-светот во кој израснавме, во кој се гради и карактерот на секој еден од нас. Секој од нас носи една тивка мапа во срцето – мапа од улици, агли и дворови што нè изградија и ни ја дадоа силата да бидеме тоа што сме. Таму каде што првпат паднавме и се исправивме. Таму каде што ја сретнавме првата љубов. Таму каде што ја научивме првата лекција – дека животот е борба, но и надеж.

Јас сум свесен за тежината на очекувањата. Свесен сум за наследените проблеми и разочарувања. И знам дека сè уште се живее тешко. Но верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце – тивко, но неизбежно. Прво зрак, па светлина, па ден. И тој ден ќе биде наш.

И затоа, на овие избори се одлучува за да имате ваш – твој човек во општината. Тоа е оној што не те остава сам. Овој пат, тоа е твојот градоначалник – човек кој се докажа со работа, со посветеност и со резултати. Човек на кој можеш да се потпреш, затоа што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за другите“.

Избори 2025

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?

Media Press

Published

на

-Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, прашуваат од СДСМ на прес -конференција.

„Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање, но од нашата влада нема ниедна точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со реномираниот медиум „Тајмс“ и вчера дал само штур одговор за македонската национална телевизија.

Според информациите од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти. Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори:

Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти?

Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува?“ велат од СДСМ.

Прочитај повеќе

Избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултат, по 20 години, победа во прв круг во бастионот на СДСМ, Струмица и во 33 општини

Media Press

Published

на

ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултат, по 20 години, победа во прв круг во бастионот на СДСМ, Струмица и во 33 општини

Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица. Уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови.

„Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ. Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг. ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини. Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од партијата.

Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.

„Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште еден важен момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана. Ова се историски резултати на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали. На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“, велат од партијата.

Прочитај повеќе

Дојран

Претседателот Филипче од Дојран: Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти!

Media Press

Published

на

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран.

„Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра инвестирани во Дојран за 8 години. Нема лажење – има работа. Затоа, Анго, искрени честитки за твојата посветена, искрена и чесна работа за Дојран,“ изјави Филипче, потенцирајќи дека неговата работа и резултатите ја докажуваат посветеноста на СДСМ кон Дојран и граѓаните.

Филипче нагласи дека СДСМ и понатаму ќе биде двигател на локалниот развој и гаранција за стабилност, чесност и конкретна работа во Дојран.

„Сега ве повикувам да го направиме истото. Да ја оставиме апатијата и разочарувањето што несомнено ја има насекаде, особено после ланските избори, и да покажеме дека веруваме во вредностите и политиките. Да покажеме дека имаме добри кандидати, дека имаме чесни луѓе кои ќе ја продолжат работата за Дојран да продолжи да се развива и да остане омилено, вистинско место во Македонија,“ рече тој.

Лидерот на СДСМ кажа дека кандидатот за градоначалник Ристо Џинев и неговиот тим советници имаат капацитет и знаење да продолжат со проектите за развој на Дојран и ги повика граѓаните масовно да ја поддржат листата на советници на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ристо Џинев.

Прочитај повеќе