Македонија
СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите
Објавено на
Од
Media Press
Власта не ги почитува законите кога не им одат во прилог и повторно ги манипулира лозарите. Вчера заврши законскиот рок во кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше обврзано, согласно член 21 од Законот за вино, најдоцна до 15 јули треба да ја објави производната цена на двете најзастапени сорти грозје – „вранец“ и „смедеревка“, реагираат од СДСМ.
„Наместо транспарентно да се објават цените, со писмен акт достапен до целата јавност, министерот се одлучи за маркетиншки настап во друштво со неколку избрани лозари, каде што срамежливо беше објавена таканаречена „историска цена“. Ова не е ниту законски исправно, ниту чесно кон лозарите.
Цените кои Трипуновски сака да ги прикаже како историски највисоки се далеку од тоа.
Според Законот за вино обврската на министерството е да објави производна цена а не историска цена. Минатата година исто се објави историски највисока цена од 20,8 денари за вранец и 18,3 денари за Смедеравка. Оваа година Трипуновски како историска цена ја прикажува откупната цена од 21,3 денари за вранец и 18,9 денари за смедеревка. „Историската цена“ за вранецот е зголемена за 50 дени или пола денар, а додека кај смедеревката е зголемена за еден ипол денар – толку од историските цени на Трипуновски..
Законот за вино предвидува во Член 21 Министерството за земјоделство најдоцна до 15ти јули објавува производна цена , што е директно кршење на членот 21 од Законот за вино. Досега ниту видовме производна цена, ниту пак како е дојдено до историската цена“ стои во реакцијата од СДСМ.
-Затоа, го повикуваме министерот Трипуновски јавно да ја објави производната цена и начинот како е дојдено до производната цена. Во интерес на јавноста, лозарите и откупувачите на грозје треба да се знае дека по објавување на производната цена се формира продажна цена а таа е зголемена за 25% од производната додааваат од опозициската СДСМ.
Поврзани содржини

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

(Видео)Филипче: Паника во ВМРО и медиумите под нивна контрола по падот на Орбан

СДСМ: Јавниот обвинител мора да биде независен

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

Пратениците на СДСМ вчера ја напуштија собраниската седница откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија – кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

