Connect with us

Струмица

Во Струмица за време на досегашните карневалски денови не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир

Media Press

Објавено на

На подрачјето на Струмица за време на досегашните карневалски денови не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, информира СВР Струмица.

Во периодот од 26.02. до 05.03.2025 година на подрачје на Струмица се одржа културната манифестација „Струмички карневал 2025“.
Пред и во тек на одржување на манифестацијата Секторот за внатрешни работи Струмица презема низа превентивни, но и репресивни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување на мирно и непречено одвивање на истата.
Во текот на карневалските денови полициското присуство е забележително, полициските службеници на терен преку извршување на своите службени задачи се во служба на граѓаните и учесниците на истата.
За време на одржување на Главната карневалска вечер на 01.03.2025 и Детскиот карневал на 02.03.2025 година Струмица беше посетена од голем број жители, како од Струмица, исто така и од други општини и држави, но и покрај зголеменото присуство на граѓани и возила, беше обезбедено нивно непречено движење.
Превентивното и видно делување на полицијата резултираше и со тоа што на подрачје на Струмица за време на досегашните карневалски денови не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, ниту пак други настани кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и нивните имоти.
Исто така полициските службеници преку разговор со граѓаните ги потсетуваат за потребата од взаемната соработка и градењето партнерски однос помеѓу полицијата и заедницата, со што се придонесува за поголема безбедност на сите кои живеат во неа.
Ваквото посветено и професионално делување на полициските службеници ќе продолжи до завршување на манифестацијата, се со цел обезбедување на безбедно и непречено спроведување на сите активности кои следуваат, а пред се заштитата на животот и имотот на граѓаните, кој е еден од основните сегменти во полициското работење, стои во соопштението од СВР Струмица.

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе