Македонија
Ќе се зголемат ингеренциите на постоечките комунални редари, за да се спречи вандализмот кон јавните добра
Објавено на
Од
Media Press
По повод се поакутниот проблем со несовесно третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема, игралиштата и јавните површини, денеска во просториите на Владата на иницијатива на Министерството за локална самоуправа се одржа работен состанок меѓу претставници од повеќе министерства и Управниот одбор на ЗЕЛС каде се дискутираше за изнаоѓање на одржливи решенија, соопштуваат од ресорното Министерство.

Заложба на Министерството за локална самоуправа е да се постигне трајно системско решение со кое ќе се санкцонира таквото однесување, но и да се акцентира потребата од создавање на систем за правилен третман и превенција од ваквите случаи кои се честа појава.
За таа цел, Министерството за локална самоуправа, формираше работна група во која партиципираа и претставници од Министерството за транспорт, Министерство за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерство за социјална политика, демографија и млади, како и претставници од Управата за извршување на санкциите – Сектор за пробација и од невладини организации, но и претставници на ЗЕЛС.
Беше констатирано дека е потребно трајно решение и отворен пристап на сите чинители кон проблемот со вандализмот, како и потреба од усвојување на ефективни механизми за справување со оваа појава.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински се заблагодари на пројавениот интерес на сите чинители и потенцираше дека е можен успех само доколку сите одговорни фактори застанат зад решенијата кои се предлагаат.
„Со изменетата законска рамка, практично ќе се создаде правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари, материја која ќе се доуреди со Законот за комунални дејности. Во случајов, со овој механизам нема да се превенира само малолетничкиот вандализам, туку вандалското однесување и девијантните појави, без оглед на возраста на сторителите“, потенцираше Перински.
„На средбата беше истакнато дека Министерството за локална самоуправа и натаму е отворено за сите иницијативи, идеи, предлози и сугестии кои би биле во интерес на поефикасно локално управување, од која корист ќе имаат не само општините, туку во најголема мера граѓаните“, соопштуваат од Министерството за локална самоуправа .
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

