Македонија
Од денеска протести во јавната администрација во министерствата и два државни органи
Објавено на
Од
Media Press
Со едночасовен протест пред работните места вработените во седум министерства и два државни органи бараат потпишување на нови колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.
Од денеска протестираат во Министерството за животна средина и просторно планирање, дигитална трансформација, шумарство и водостопанство, Министерството за правда, култура и туризам, економија и транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив.

“Почнуваме денес во вторник, бидејќи денес се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневниот ред со која ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од Буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените” – кажа на прес конференцијата Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.
„Во изминатиот период од изборот на новата Влада остваривме средби со речиси сите ресорни министри и по пат на преговори со нив заеднички подготвивме Предлог – Колективни договори, кој потоа со поддршка на ресорните министри беа испратени до Министерството за финансии. Овие Предлог – Колективни договори беа поднесени до Министерството за финансии пред носење на Буџетот за 2025 година, но од неразбирливи причини Министерството за финансии не одобри средства за нивно потпишување.
Висината на платите на вработените во институциите кои денес протестираат почнува од 25.010,00 денари. Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари.
Додатокот што го бараме од 30% значи дека вработените би добиле 6000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата.
Ова барање е старо повеќе од 4 години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале години наназад, но за жал ниту една влада до сега не излезе во пресрет на нашите барања“ велат од синдикатот на УПОЗ.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

