Валандово
Запленети околу четири тона марихуана во валандовско
Објавено на
Од
Media Press
Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово.
Имено, како што информираат од МВР, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана за медицински цели, била извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство, по барање на МВР, и во присуство на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Валандово.

Во текот на контролата биле утврдени бројни неправилности околу произведената марихуана за медицински цели, при што е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, кој дал наредба да биде извршен претрес во правното лице, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Гевгелија и Комисијата при Министерството за здравство за исполнетост на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за производство на марихуана за медицински цели.
„Од претресот беше утврдено дека во 500 кутии со околу 1390 килограми, кои се декларирани со етикета која е залепена на секое пакување дека содржи ТХЦ сув цвет, содржината во пакувањата не содветствува со декларацијата. Од страна на јавниот обвинител издадена е наредба за вештачење до Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на пакувањата кои се декларирани дека содржат марихуана сув цвет со ТХЦ. Од вештачењето е утврдено дека содржината во пакувањата е фалсификувана односно наместо сув цвет на марихуана содржи отпад, гранки, листови, био маса и многу мала фракција на суви мали иситнети цветови, со што е извршено кривично дело по член 95В и член 29Г од Законот за опојни дроги“, стои во соопштението.

Од страна на ОВР Валандово и ОКП извршени се проверки и повикани се на службен разговор 16 лица, меѓу кои сопственици на правното лице, поранешен управител, обезбедување, како и работници кои биле ангажирани на тримирање и чистење на марихуаната.
Утврдено е дека околу 1390 килограми на марихуана е фалсификувана, а исто така утврдено е дека био маса со ТХЦ со вкупна килажа од 1629 килограми, која правното лице било задолжено да ја уништи и да достави известување до Министерството за здравство, истата не ја уништило и при контролата е затекната во правното лице.
Исто така, било утврдено дека недостасуваат околу 11 килограми марихуана од сортата „булк глубери“ и не бил доставен доказ каде се наоѓа.
-Од контролата и претресот утврдено е дека околу 815 килограми марихуана од реколта 2023 година е спакувана во полиетиленски вреќи, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и истата не е соодветно спакувана, складирана и обележана. Вреќите не се запечатени со сигурносна лента, иако во правното лице биле должни да постапат согласно член 29 Ѓ став 2 по Закон за контрола на опојни дроги, се појаснува во соопштението.
По обезбедување на сите материјални докази, од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 95 В, 29Г од Закон за контрола на опојни дроги против управителот на правното лице У.Р.Г. (21) од Бугарија, поранешниот управител Љ.С. (35) од Ново Село, против правното лице како и против Б.И. (49) од Нов Дојран, Б.И. (25) од Струмица и Н.Г. (40) од Струмица.
Од страна на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија е издадена наредба за одземање на околу 1390 килограми фалсификувана марихуана, околу 1630 килограми био маса со ТХЦ и околу 815 килограми марихуана со ТХЦ.

-Исто така, од извршениот претрес и контрола утврдено е дека во правното лице пријавените управители пријавувале помала количина на сув цвет од реалната и констатирани се вишоци на марихуана .
Од страна на Комисијата при Министерство за здравство е изготвено решение за одземање на лиценцата за производство на марихуана за медицински цели на правното лице соопштуваат од МВР .
Поврзани содржини

Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана, лишено од слобода е едно лице

Лишени од слобода две лица од радовишко

Засадена марихуана покрај тутун, претрес во валандовско приведено едно лице

Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

Лишени од слобода три млади лица од Струмица и струмичко, поради пронајдена марихуана

Лишени од слобода три лица од струмичко, пронајдена марихуана во возилото во кое се превезувале
Валандово
Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово: Кога практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех
Published
7 месеци agoна
април 20, 2026By
Media Press
Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, е училиште каде практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех — доказ за тоа е одгледувањето печурки буковка.
-Овој резултат не е случаен, туку плод на посветената работа, љубопитноста и истрајноста на учениците, под менторство на наставниот кадар. Овој успех јасно покажува дека практичната настава не е само дополнување, туку двигател на вистинското учење и патоказ кон професионалното усовршување, соопштуваат од училиштето.
Преку реални активности и директна примена на современи, иновативни и одржливи земјоделски практики, учениците стекнуваат применливи вештини, развиваат претприемачки дух и се подготвуваат да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.
Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD – Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.
-Ние не зборуваме за иднината — ние ја создаваме! Со секој нов проект, со секоја нова идеја, градиме генерации што размислуваат одржливо, дејствуваат иновативно и ја движат економијата напред, е паролата на училиштето.
Валандово
Лишено од слобода едно лице од Валандово, физички ја нападнал својата сопруга, а поседувал и огнено оружје и муниција
Published
8 месеци agoна
март 26, 2026By
Media Press
На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.
При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Валандово
Лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци
Published
8 месеци agoна
март 18, 2026By
Media Press
Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци, информира СВР Струмица.
Вчера околу 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

