Ново Село
Во ООУ „Видое Подгорец” во Колешино, за десетина година драстично се намалил бројот на ученици
Објавено на
Од
Media PressТрендот на иселување на младите лица од Македонија се чувствува секаде но и ги празне училиштата. Од околу 240 ученици пред десетина години во ООУ „Видое Подгорец од Колешно годинава учат само 89 ученици. Според директорката на училиштето Маја Малинова, учебната година ја започнале успешно со навремена испорака на учебници за сите ученици и се радуваат што годинава имаат 10 првачиња во споредба со лани кога немале ниту едно прваче.

Училиштето „Видое Подгорец“ располага си повеќенаменски, квалитетни спортски терени на кои спортуваат учениците и ги одржуваат своите часови по физичко воспитување, но и недостасува спортска сала.
Во ова училиште учат ученици од пет населени места од Општина Ново Село, од Колешино, Борисово, Мокрино, Мокриево и Габрово, населени места од кои претежно се иселуваат младите. Училиштето е чисто и уредено по сите современи стандарди за едно училиште, услови има но од година во година бројот на ученици се намалува. За жал, ова не е случај само со ова училиште, туку ова се случува во цела Македонија.


Поврзани содржини
Ново Село
Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
Published
7 месеци agoна
април 17, 2026By
Media Press
– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов.

Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“.
Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во 1870 година, претставува едно од најзначајните културни и духовни обележја во Струмичкиот Регион.

Носител на активностите е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.
Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село. Министерството и во иднина ќе продолжи со континуирани вложувања во заштитата и зачувувањето на нашето вредно културно наследство за идните генерации.

Ново Село
📅 12 декември 2025 Ден на Општина Ново Село со свечено одбележување и присуство на Премиерот Христијан Мицкоски.
Published
11 месеци agoна
декември 11, 2025By
Media Press
Во петок, на 12-ти декември, општина Ново Село ќе живее во празнична атмосфера. Тоа е денот кога заедно се слави, Денот на Општина Ново Село – ден што потсетува на сите успеси и чекори напред што се направени.
Но, овој петок со уште еден голем момент. Во Колешино, пред училиште ООУ „Видое Подгорец“, ќе биде поставен камен темелник на новата спортска сала. Заедно со Премиерот Христијан Мицкоски ќе го означи почетокот на нова етапа – инвестиција што ќе им донесе на децата подобри услови за образование и спорт.
Ова не се само настани, туку симбол на иднината што се гради заедно. Затоа, Градоначалникот Ѓорѓе Божинов, вклучително и советниците, како и цела администрација во име на Општина Ново Село, Ве покануваат да бидете дел од овие важни моменти, да ја споделите радоста и да ја покажете вашата заедничка сила.
Се радуваме на Вашето присуство и поддршка! – е пораката од Општина Ново Село.
Избори 2025
Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село
Published
1 година agoна
октомври 6, 2025By
Media Press
Кандидатот за градоначалник за општина Ново Село од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов, на вчерашниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека општина Ново Село изминатите четири години ја карактеризираа низа успешно реализирани проекти, фокусирајќи се на целите за наредните четири години за општина Ново Село т.е. програмата која посочи дека е креирана во согласност со потребите на граѓаните, а во насока на решавање на нивните најгорливи проблеми.
„Модернизација на инфраструктурата каде се предвидени асфалтирања на над 35 улици во целата општина од кои само 12 се во Ново Село. Меѓу најприоритетните проекти ќе биде обезбедувањето на алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово, со што ќе се обезбеди нов довод за чиста вода за пиење. Покривањето на пазарот во Ново Село со метална конструкција, изградбата на мегапаркот и зеленилото кај спортскиот комплекс „Христо Татарчев“. Ќе ги поддржиме иновациите, претприемништвото создавајќи подобри услови за инвестирање и водење бизнис“.
Божинов, во продолжение од своето обраќање се осврна и на проектите кои значат континуитет во инвестициите во образованието како реконструкција на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино, детски рекреативен центар во Старо Коњарево, јакнење на капацитетите во туризмот преку креирање на туристички водич за природните убавини на општина Ново Село. Во делот на социјалната и здравствената заштита посочи на предвидениот бесплатен логопедски третман за деца и бесплатниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до петто одделение, како и на изградбата на домот за стари лица.
„Предвидени се реконструкции на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино. Изградба на детски рекреативен центар во Старо Коњарево со спортски терени и сместувачки капацитети на местото на старата караула. Изградба и опремување на иновативен тренинг центар за основните училишта во Ново Село и Колешино. Ќе креираме туристички водич за природните потенцијали на нашата општина,а предвидена е и изградба и на нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокринските Извори, со мојот тим сплотено и изречно сме против рудници и против било какви загадувачи на територијата на општина Ново Село. Воведуваме бесплатен логопедски третман за деца и бесплатен оброк за ученици од социјално ранливи категории од прво до петто одделение. Реализација на проектот „Нега во домот“ и лична асистенција на лица со попреченост. Поранешната касарна во Ново Село ќе биде дадена под концесија за изградба на дом за стари лица. Пристапни рампи ќе бидат поставени на сите државни институции и главни сообраќајници“, рече Божинов.
На крај, Божинов ги повика граѓаните на општина Ново Село на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ново Село да продолжи по патот на развојот и просперитетот.


Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

