Радовиш
Објвена програмата за 51 Караманови поетски средби кои ќе се одржат на 15 и 16 Ноември во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Во организација на центарот за култура Ацо Караманов, а под покровителство на Општина Радовиш и во соработка со ОНБ Браќа Миладиновци, ќе се одржат 51 Караманови поетски средби во Радовиш.
Центарот за култура Ацо Караманов како организатор, ја објави програмата која изобилува со богати културни содржини во чест на младиот гениј Ацо Караманов – поет и борец за слободата.
51 -те Караманови средби свечено ќе бидат отворени во Петок на 15 Ноември со почеток во 18 часот, во Музеј на љубовта и уметноста, со беседа за Ацо Караманов, дневнични записи, со учениците Роман Јованов, Ана Ѓеоргиевска и Тамара Лазарова, од СОУ Коста Сусинов, Радовиш, ментор Кате Диманова Јованова.
Потоа ќе следува доделување на интернационалната награда за поезија„Ацо Караманов“ за 2024 на Олга Панкина од Русија, за книгата „Меѓусебна потрага“.
Доделување на наградата „Караманов“ за 2024 за најдобра книга од македонски автор Ирена Павлова Де Одорико, за поетскиот ракопис „Новоженство“.
Доделување на Специјална награда „Караманов“ 2024 за поетскиот ракопис „Пристоен предлог и други песни“ на Тихомир Јанчовски.
На крајот ќе следува настап на поетите учесници и гости на 51 Караманови поетски средби заедно со роднокрајните поети од Радовиш.
Крамановите средби продолжуваат и во Сабота 16 Ноември со почеток во 11 часот во ОНБ Браќа Миладиновци, Радовиш, со промоција на наградената книга „Меѓусебна потрага“ од Олга Панкина од Русија.
Исто така ќе биде промовирана и книгата „Новоженство“ од македонски автор Ирена Павлова Де Одорико. Промотор ќе биде поетот Борче Панов.
Инаку чествувањето на Ацо Караманов започна со полагање на свежо цвеќе од страна на делегации од општина Радовиш и општина Берово на спомен обележјето на Ацо Караманов близу селото Смојмирово како место на неговата херојска смрт. Чествувањето беше реализирано во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“, а во соработка помеѓу општина Радовиш и општина Берово, а беше приредена и богата програма од страна на учесници од општинските училишта од Радовиш.

Исто така минатата година на фасадата од Центарот за култура „Ацо Караманов“ осамнаа и визионерските стихови на Ацо Караманов изработени во месинг –„Ние и кога умираме треба да пееме“.


Поврзани содржини

ЛЕВИЦА со поддршка на првомајскиот протест

Движењето ЗНАМ ја презентира програмата “Проглас за достоинствена Македонија”на митинг на градскиот плоштад во Куманово

ВМРО-ДПМНЕ ја промовира Програмата „Платформа 1198″: Се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место

Богати културни и уметнички содржини по повод големиот јубилеј 50 години Караманови средби, кои започнуваат од утре

Излегоа од печат книжевните изданија на 50 јубилејни КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

Богата тридневна музичка програма и за годинашната манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2023“
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



