Connect with us

Македонија

Левица: Шест години преспански договор – сè подалеку од ЕУ, сè поблиску до бугаризација

Media Press

Објавено на

Со Преспанскиот договор, владејачките елити од двете страни на границата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ! Наметнатото и нелегитимно име на државата не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување помеѓу двата народа!, реагираат од Левица по повод годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Пред шест години на денешен ден 17. јуни во селото Нивици на Преспанското езеро од страната на Грција, беше потпишан Договорот од Преспа со кој се затвори спорот меѓу двете земји за името, по што Република Македонија како Република Северна Македонија влезе во НАТО, но не и во Европската унија, откако доби вето, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија.

Договорот беше потпишан од тогашната партија на власт СИРИЗА од грчка страна, и СДСМ од македонска страна, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас. На потпишувањето присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, екс комесарот за проширување Јоханес Хан и други високи меѓународни претставници на двете земји и од ЕУ.

Откако не успеа референдумот, Договорот беше ратификуван во Собранието осум месеци подоцна, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година.

„Реалноста во која живее македонскиот народ, шест години по потпишувањето на срамниот т.н. Преспански договор, ги исфрли на виделина сите ноторни лаги на домашниот и странскиот политичкиот естаблишмент, изнесени за време на кампањата за промена на уставното име на Република Македонија!“реагираат од Левица.

„Референдумското прашање за промена на уставното име на Република Македонија беше формулирано со капциозно прашање, проследено со агресивна милионска пропаганда и при такви услови, опресорот едвај успеа да обезбеди 36% излезност на референдумот. Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, резултираше со прогласување на Македонија за хибриден режим.

Шест години подоцна, Македонија не само што не е членка на ЕУ, туку се чини дека сме сè подалеку од ваков резултат!Уценувањата за кои се ветуваше дека нема да постојат, денес се основен дел на агресивната бугарска политика, каде ЕУ повторно поддржува насилничко поведение, овојпат преку т.н. француски предлог, кој дополнително го ревидира македонскиот идентитет. Сепак, и утре да се случат бараните уставни измени, резултатот ќе биде ист – Македонија ќе остане надвор од ЕУ, додека земјата ќе се користи како полигон за империјалистичките потреби на НАТО, кои се финансираат директно од џебот на граѓаните.

Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку уцени и национал-шовинистички политики, поддржани од империјалистички пакт којшто врши супресија на помалите народи.

Раководството на ЕУ е должно да го променат политичкиот курс што го водат кон Македонија! Во спротивно, како се зголемуваат неразумните барања на нашите соседи, така евроскептицизмот во државава дополнително ќе расте, додека идејата за обединета Европа станува сè поневозможна. Една држава не може да биде слободна, доколку своето внатрешно уредување го гради поради опресија вршена од други држави! Договорите донесени заради лукративните интереси на домашните и странските моќници, не се народни, туку ништовени. Македонија има право на интеграција во меѓународните организации еднакво како и сите останати држави, без притоа да толерира некакви историско-ревизионистички и национал-шовинистички барања од нашите соседи“, велат од Левица.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе