Connect with us

Радовиш

Секојдневна физичка активност, денот го започнува со млеко и мед, тоа е тајната на дедо Ѓорги од Радовиш кој наполни 100 години

Media Press

Објавено на

Роденденската прослава на дедо Ѓорги Ангелов од Радовиш кој го прослави својот 100 роденден предизвика бројни реакции и коментари во јавноста, како го живее животот и на што се должи неговата виталност и долговечност.

Умерена физичка активност секојдневно и денот го започнува со млеко и мед, тоа е неговата тајна.  

Тој во неделата го прослави својот 100-ти роденден, а по тој повод неговите најблиски му приредија забава во ресторан со музика и торта, на која присуствуваа околу 80 гости.

Ете таква прослава имаше нашиот радовишанец дедо Ѓорги, а ние бевме сведоци на сето тоа, со цел да го пренесеме во јавноста но и да испратиме порака, како треба да го живееме животот.

Роден е во Колешино Струмичко на 02 април 1924 година но тоа не му беше пречка да заигра и да го води орото и на 100 години.

Дедо Ѓорги има 4 ќерки 8 внуци и 14 правнуци и сите се живи и здрави и се радуваа на неговиот роденден посакувајќи и тие да ги наследат неговите гени.  

Забавата ја имаше честа да ја отвори неговата внука Љупка Тренчева, со однапред предвидена програма, со доделување на признание од страна на претседателот на Сојузот на борците на општините Радовиш и Конче за неговото учество во НОБ, како и со обраќање на претседателката на пензионерите на општините Радовиш и Конче.

Инаку Дедо Ѓорѓи живее во иста куќа со неговата внука Љупка, која му помага секојдневно, но како што вели таа, тој е здрав и витален дедо, кој се движи сам и е независен финансиски, затоа што е пензионер.

„Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Најчести продукти на неговото мени се: млеко и мед за појадок, за ручек задолжително парче месо (најчесто со ориз, или манџа со месо), а навечер задолжително консумира цедено или мелено овошје, или како што тој го нарекува – „топ шоп“.

На прославата, дедо Ѓорги видно возбуден, продолжи да го води орото но и да раскажува за неговиот живот на кој сеуште добро се сеќава, на втората светска војна, на бугарскиот окупатор, на сремскиот фронт на работата како полицаец и на неговиот живот воопшто.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе