Connect with us

Радовиш

Ќе има ли доволно вода во Мантово за успешна наводнувачка сезона? Апел до земјоделците за рационално користење на водата

Media Press

Објавено на

Езерото Мантово иако со намален капацитет како никогаш досега поради лошата хидролошка состојба, сепак ќе ги исполни обврските за навадновање кон земјоделците во оваа наводнувачка сезона, ветуваат од „Радовишко поле“. Токму од тие причини раководителката на подружницата „Радовишко Поле“  Сања Ристова, апелира  до земјоделците за совесно и економично користење на водата и нерастурање на истата непотребно посебно во населено место Воиславци каде како што рече има најголемо растурање на водата.

„Се наоѓаме во средината на сезоната за наводнување и можеме да кажеме дека вода за наводнување има доволно, апелираме до сите водокорисници за рационално и економично користење на водата и нерастурање на истата непотребно, посебно до водокорисниците во село Воиславци, за да имаме уште една успешна наводнувачка сезона“ стои во апелот од раководителката на подружницата „Радовишко Поле“ Сања Ристова.

 Поради лошата хидролошка состојба, подружницата „Радовишко Поле“ е принудена да врши рестрикции во користењето на водата, од каде се наводнуваат околу 500 хектари обработлива површина во Радовишко Поле и дел во Општина Конче. Како што велат од подружницата имаат проблеми и со каналската мрежа долга 29 километри која е застарена и неисчистена, а недостасуваат и работници.

Иницијатива или прашање околу состојбата со водата во Езерото Мантово кое е видно намалено беше покренета и на седница на советот на Општина Радовиш. Советникот Дејан Вучковски рече дека и во месеците мај и јуни кога имаше врнежи и сите акумулации беа преполни само Мантово беше во опаѓање. Тој  покренува иницијатива до надлежните да ја проверат состојбата на терен и притоа спомна дека освен за земјоделие и Рудникот Бучим троши вода од Мантово.

                                                                                                                                                      

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека како општина имаат интерес за Мантово токму за развојот на земјоделието и за реализација на проектот од ФАО, за обновување на мрежата за наводнување. Ристов рече дека ќе побара информации од Рудникот Бучим и од подружницата „Радовишко поле“ која стопанисува со Мантово.

Загриженост за состојбата на езерото Мантово изразува и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов под чија управа територијално спаѓа и целата акумулација кој рече дека поднел барање до подружница Радовишко поле за да добие детални  информации каква е состојбата.

Инаку вештачката акумулација Мантово е изградена во 1978 година на 15 километри од општините Радовиш и Конче и на 25 километри од Штип  на површина од 4,5 квадратни километри  со најголема длабочина од 40 метри.

Нејзината основна намена била да се наводнуваат земјоделските површина во Општина Радовиш и дел во Општина Конче, како и за технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе