Connect with us

Радовиш

Приватната здравствена ординација „Бојаџиев МД„ на д-р Марина Бојаџиева од денеска на нова локација

Media Press

Објавено на

Приватната здравствена ординација  „ Бојаџиев МД„ ординација по општа медицина на д-р Марина Бојаџиева од денеска на нова локација, во Здравствениот дом во Радовиш. Добредојде на тимот на  „Бојаџиев МД“ им посакаа колеги, соработници од Здравствениот дом,  а радоста ја споделија и членови на семејството, роднини, пријатели и други поканети гости.

Современо опремена ординација со целата потребна опрема за лекар по општа медицина и понатаму ќе опслужува околу 1500 пацинети, со тенденција за зголемување на тимот со уште еден лекар и уште една медицинска сестра, а со тоа и зголемување на бројот на пациентите.

Д-р Марина Бпјаџиева своето шестгодишно искуство го темели на вредно и посветно работење и внимание на пациентите. Првото работно искуство го започнува пред 6 години како лекар во ординацијата на др- Тенев. Во 2019 година отвара своја ординација на улица „Ленинова“ во  сколоп на ортопедската ординација на Д-р Бојаџиев, а сега на нова локација во просторија во Здравствениот дом во Радовиш.

Како што вели Д-р Марина Бојаџиева, на новата локација доаѓа заради подобри услови на пацинетите, проширување на просторот, во близина на лаборатории, ренген и специјалисти.    Свеченото отварање беше вчера со пригодна свеченост во кругот на најблиските, пријатели, лекари колеги, но и пациенти кои имаа потреба од преглед. Тие беа услужени од д-р- Марина и сестра Снежана, а наскоро „Бојаџиев МД„ ќе располага со уште еден тим од лекар и сестра.  

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе