Радовиш
Утре меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители од радовишко
Објавено на
Од
Media Press
ОВР Радовиш и годинава ќе биде организиратор на меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители кои потекнуваат од нашата општина Готак, Соколов и Крстев.

Имено, во нивна чест а воедно и одбележувајки го денот на Македонската полиција потпомогнати од Градоначалникот на општина Радовиш и Македонскиот Полициски Синдикат на 6-ти Мај 2023 година / сабота/ ќе се реализираат следните активности: – 09.00 часот – Положување на цвеќе на споменикот на бранителите, лоциран пред влез на ОВР Радовиш, на кое ќе присуствува и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
09.35 – 12.20 – Отварање на турнирот од страна на Министерот Спасовски и проследување на натпреварите во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш.
Во 12.20 часот – Поздравен говор на началникот на ОВР Радовиш Поздравен говор на градоначалник на Општина Радовиш и доделување плаќети на семејства, пехари за освоени места на екипите, признанија и благодарници.
ОВР Радовиш ги поканува заинтересираните граѓаните да ги проследат настаните.
Поврзани содржини

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите бранители, ОВР Радовиш го одбележа 7 Мај Денот на Македонската полиција

Започна турнирот во мал фудбал под покровителство на Општина КОНЧЕ

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на шестоноемвриски турнир во мал фудбал кој ќе се одржи во СРЦ „25 Мај“ – Радовиш

Во Радовиш, Меморијален турнир во мал фудбал и положено свежо цвеќе во чест на загинатите херои во конфликтот 2001

Претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата пред радовишани
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

