Радовиш
,,Радовишка книжевна седенка со писателот Борче Панов и пријателите” во библиотеката во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press,,Радовишка книжевна седенка со писателот Борче Панов и пријателите”, вчера беше органзириана во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш, а по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на книгата и авторското право.
На ,,Радовишка книжевна седенка“, свои кратки обраќања и стихови инспирирани со теми од Радовиш и радовишко од поетскиот опус сместен во триесеттина дела на Борче Панов читаа: Гордана Здравковска, Славчо Атанасов, Стојан Стојков, Игор Чапов, Оливер Бојаџиев, Лазар Газепов и Ване Калајџиев, додека беседа за писателот Панов одржа проф. д-р. Даниела Андоновска-Трајковска.

На книжевната седенка по повод Светскиот ден на книгата, од страна на Даниела Ѓоргиева – библиотекар, прочитана беше пораката од г-ѓа Одре Азуле – генерален директор на УНЕСКО. Од име на ОНБ ,,Браќа Миладиновци”- Радовиш, на роднокрајниот автор Борче Панов, за долгогодишна успешна соработка со библиотеката, од страна на директорот Станој Петров му беше врачена благодарница.

Поврзани содржини

Промоцијата на книгата ,,Денот ви ѕвони на врата” од авторката Стефанија Лукарова од Радовиш

Под мотото: ,,Јазикот го чуваме, историјата ја учиме”, се одбележа месецот на книгата во ОНБ ,,Браќа Миладиновци”, Радовиш

ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш со нов директор, претходниот заминува во пензија

Промовирана поетската книга ,,Месечева светлина” од роднокрајниот автор Павлина Кошевец во ОНБ ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16 Роднокрајни поетски средби
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

