Connect with us

Радовиш

Мобилен еко час по географија на учениците од осмо одделение од ОУ Крсте Петков Мисирков- Радовиш

Media Press

Објавено на

Мобилен еко час по географија на учениците од осмо одделение и наставничката Румена Ѓоргиева од ОУ Крсте Петков Мисирков во Радовиш, денеска беше реализиран со повеќе активности. Учениците од 8- еден одделение поделени во четири тима, секој со свои задачи го реалзираа мобилниот час на терен.

 „Во секоја година од образованието ние имаме тема која што се оденсува на  животната средина и сега обработуваме токму таква тема“ рече наставничката Ѓоргиева, која ги подготви тимовите за своите активности.

Тим -Еко акција

Тимовите направија еко патрола во градот за да ја согледат состојбата со јавната хигиена во Радовиш, потоа залепија еко пароли на дрворедот покрај редовишка река, анкетираа граѓани низ градот со прашања околу јавната чистота и екологијата и посетија надлежно лице за животна средина во Општина Радовиш, на кого му поставија неколку прашања околу зачувувањето на животната средина во општината, што преземаат и на кој начин делуваат.

Посета на надлежно лице за животна средина

Целта на овој еко час е да се подигне свеста кај граѓаните и пред се кај младите лица за зачувување на жовотната средина и природата околу нас, за здрав начин на живот и здрава нација.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе