Connect with us

Македонија

Пендаровски: Мој предлог до Владата е да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент

Media Press

Објавено на

Советот за безбедност ја одржа 18-та седница на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

„Покрај редовните членови на Советот, на моја покана, беа присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, директорот на Агенцијата за национална безбедност и началникот на Генералштабот на Армијата, изјави пендаровски по завршувањето на седницата.

„Посебен фокус на седницата имавме врз најновиот развој на настаните во односите со Бугарија. Поводот не беше само немилиот настан во Охрид затоа што тоа е само мало делче од целиот мозаик. На таа тема реферираа директорите на службите, а потоа во дискусијата се вклучија и останатите членови на Советот.  

Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи, се работи за организирани активности од страна на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули мината година.

Истите овие структури се веќе мобилизирани, и логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува.

На вакви организирани антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци, можеме да одговориме на два начина: првиот е, со културна дипломатска реторика, како и досега, и тој круг на провокации, кој често не останува само на зборови, туку предизвикува и насилство, сигурно нема да заврши, но ова ќе продолжиме да го правиме и понатаму. Второ, со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви ситуации.

Знаете дека Советот за безбедност е советодавно тело на претседателот, кое не одлучува, туку дава предлози до Собранието и Владата.

Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата, е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Бугарија, заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава.

Законските услови за изрекување на таква мерка постоеја и порано и сѐ уште постојат, тоа се, трите според законот, ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност, или закана за меѓународните односи на Република Северна Македонија.

Тоа во принцип значи, конкретно, ако таквите лица се надвор од земјата, да не им биде дозволен влез, а, ако се веќе внатре, да им биде откажан престојот и да бидат прогласени за персона нон грата. 

Освен ова, за настанот на 4 февруари да помине како што доликува, ќе мора да ги преземеме сите неопходни мерки и на терен, а, тоа значи, од граничните премини па сѐ до главната локација во Скопје каде пристап треба да имаат само луѓето, Македонци или Бугари, сеедно, кои сакаат да му оддадат почит на делото на Делчев, но, не и оние кои доаѓаат со цел да го понижуваат и негираат македонскиот народ.   

На крајот, сакам да упатам една порака до надлежните институции во Бугарија, кои не се дел од овие сценарија: изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме. Секоја сериозна држава впрочем на светот тоа го прави, вклучително и Бугарија“ изјави Пендаровски.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе