Струмица
Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса
Published
2 години agoна
By
Media PressОпштина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на на училиштето „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса.
„Со неа ќе бидат изведени градежни зафати на кровната конструкција, фасадата, санитарните јазли, внатрешниот дел, кои ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, а ќе бидат изведени и пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост“, информираат од Општина Струмица.
Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 40.000.000 денари, а според планот градежните работи треба да завршат за 6 месеци.
Поврзани содржини
Струмица
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Published
4 недели agoна
април 3, 2024By
Media PressВчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
1 месец agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
1 месец agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.