Радовиш
Се знае ценовникот за зонското паркирање во Радовиш, советниците го изгласаа на вчерашната седница
Објавено на
Од
Media PressПредлог одлуката за цени на јавните површини наменети за паркирање во Радовиш беше изгласана на вчерашната седница на Совет со 10 гласа ЗА од советниците од ВМРО -ДПМНЕ и Колацијата и 6 против од опозицијата. Со поставени само две прашања од страна на советниците од СДСМ и Коалицијата: Дали цената за еден час паркирање од 30 денари не е висока за Радовиш, и каде ќе паркираат земјоделците и трговците кои донесувааат земјоделски производи на пазарот, точката помина без поголема дискусија.
Ценовникот го образложи директорот на ЈП Плаваја, Радовиш Дејан Крстев свое дополнување имаше и градоначалникот Ацо Ристов.
Според ценовникот по 30 денари за еден час се плаќа во првата зона, која го опфаќа речиси целото градско подрачје на Радовиш и десната срана по течението на Радовишка река, односно улица “Кеј 8 септември“. По 20 денари за еден час ќе се наплаќа во втората зона која се протега од почетокот на градот по левата страна на течението на Радовишка река се до спортската сала и двете ленти на билеварот „Александар Македонски“.
Граѓаните кои што живеат во централното подрачје или во Прва зона и кои немаат никакви услови за сопствен паркинг ќе плаќаат по 300 денари месечно или 3.600 денари годишно, иако претходно беше најавувано од Општина Радовиш, дека со одлука на Совет може да се изгласа да ги следува овие домаќиства бесплатен паркинг за едно возило, како што е во Струмица и Штип или тоа ќе биде симболична цена од 300 денари годишно. А доколку некој има и второ возило ќе се плаќа по 500 денари месечно или 6.000 денари годишно.
И покрај тоа што ќе плаќаат овие домаќинства нема да имаат резервирано паркинг пред својата куќа, туку ќе се паркираат било каде на улицата, ако има слободно место, но само на улицата за која платиле или во подниво на најблиската улица.
Пример ако нема место на улица Илинденска (што во пракса секогаш е зафатено секое паркинг место) ќе може да се паркираат само покрај реката на „Кеј 8 септември“ до пазарот, секако ако и овде е слободно, во спротивно ќе се паркирате на некое друго место и повторно ќе платите од час. А доколку овие граѓани сакаат да имаат резервирано паркинг пред својата куќа тоа ќе ги чини 40.000 денари годишно.

Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

