Македонија
Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик. ВМРО -ДПМНЕ: Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ
Објавено на
Од
Media Press
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и Претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, утрово во Брисел имаа заеднички состанок со Претседателката на европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и со премиерот на Чешка Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.
Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Првата меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија изјави дека овој е голем ден за Република Македонија по 17 години започнуват преговорите за полноправно членство во ЕУ.
,,Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, ми претставува исклучителна чест што ја имам можноста да се обратам, на мојот мајчин македонски јазик, на денешната долгоочекувана и сосема заслужена Mеѓувладина конференција со која ги отвораме преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Со оваа меѓувладина конференција, Северна Македонија ја започнува последната етапа од својот долг пат кон полноправно членство во Европската Унија“, вели премиерот Ковачевски во своето обраќање пред претставниците од 27 земји членки.
Од ВМРО -ДПМНЕ реагираат дека Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ. „Нема да дозволиме промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија“ стои во соопштението.

Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

