Радовиш
Овогодишната манифестација 46. „Караманови поетски средби“ ќе се одржат од 22 до 24 ноември во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press„Карамановите поетски средби“ оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“.
Добитник на главната награда е големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон кој ќе биде претставен од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска.
Во
склоп на програмата ќе бидат доделени три награди: Европска награда награда за
поезија „Ацо Караманов“ која годинава му
се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе
Падрон, Балканска награда за поезија „Ацо Караманов„ која ја добива
хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“ и
наградата „Караманов“ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја
добива Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв“.
Двете наградени поетски книги: „Обележувам ѕвезди„ од Валерио Орлиќ и „Електронска крв„од Даниела Андоновска Трајковска се објавени во едицијата „Караманов„ којашто пред дваесет години беше покрената од страна на претседателот на Карамановите средби – Борче Панов.
Во чест на овој јубилејот 1000 години Радовиш, во рамките на 46 Карманови средби ќе се случи праизведбата на кантатата „Радовидение„ за која музиката ја напиша големиот македонски композитор Стојан Стојков, а стиховите познатиот македонски поет Борче Панов.
Мултумедијалниот карактер на оваа престижна книжевна манифестација годинава ќе биде збогатена и облагородена со отворањето на Изложбата на познатиот македонски сликар Ниче Василев, во петок на 22 ноември во 18 часот, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш со што ќе започнат Карамановите поетски средби, по што ќе следува кореографијата „Перон“ од страна на кореографот Изабела Ангелова и Балетското студио „Газели“.
Во 18,30 часот ќе следува Свечено отворање на 46 Караманови поетски средби од странана градоначалникот Герасим Конзулов а во 18,45 часот Беседа за Ацо Караманов со Стојан Тарапуза.
Годинава ќе бидат промовирани и три поетски книги: Промоцијата на најновата поетска книга „Бакнежот на судбината„ од еминентниот македонски поет Раде Силјан.
Промоцијата на најновата поетска книга „Дождови – 90 песни„ од култниот современ македонски поет Матеја Матевски.
Девеесте песни овде се симболичен израз на годините на возраста кои би ги имал од Матеја Матевски доколку беше жив до денот на објавувањето на оваа книга. За поетскиот опус на Матеја Матевски ќе зборува приредувачот на оваа книга и уредник – Раде Силјан.
Промоцијата на наградената поетска книга на хрватскиот поет Валерио Орлиќ „Обележувам ѕвезди“ со Балканската награда за поезија „Ацо Караманов“, за која ќе зборува Борче Панов.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

