Радовиш
Трет ден Велигден, православните христијани го слават Воскресението Христово, најважниот верски празник во православниот календар
Објавено на
Од
Media PressВоскресение Христово се случило на третиот ден Недела, по неговата смрт на Велики Петок. Велигденската служба започнува на полноќ во Сабота спроти Недела
Годинва голем број верници присуствуваа на воскресенските литургии за да го дочекат најголемиот христијански празник Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Денеска во Црковниот храм Света Троица во Радовиш се одржа Свет божествена литургија во сослужение на Владиката брегалнички Иларион.

Сите православни христијани во овие денови се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ на што се одговара „Навистина воскресе“.

Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Тој и рекол на Марија ќе поверувам дека Исус воскреснал кога јајцата во кошницата ќе станат црвени, што во истиот момент станале црвени. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. Веднаш по дочекувањето на Воскресението Христово присутните во црковните храмови и во домовите се кршат со црвени јајца. За Велигден се подготвува богата трпеза со разновидна храна, пред се со јагнешко но и друг вид на месо, салата, колачи, велигденска торта и блага погача-штрудла и задолжително црвени јајца. Домовите се украсуваат со разни велигденски украси
Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.
Дел од деншната Велигденска божествена литургија беше и црковниот хор Свети Спасо Радовишки од Радовиш.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



