Connect with us

Радовиш

Бесплатно мерење на шеќерот во крвта во Радовиш по повод Меѓународниот ден за борба против дијабетесот

Media Press

Објавено на

Меѓународниот ден за борба против дијабетес годинава се одбележува под мотото „дијабетес – препознај ги знаците, заштити го семејството“.  

Здружението на дијабетичари од Радовиш во соработка со Црвениот крст од Радовиш по тој повод спроведе повеќе активности. Денеска беше  спроведена акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта на вработените во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш и во Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш .

Претседателто на Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче Тони Митев, задовлен од  средбата со министерот за здравство Венко Филипче и за прв пат досега, со претседателот на државата Стево Пендаровски кој покажал интерес за решавање на проблемите со кој се соочуваат дијабетичарите.

Бројката на заболени од дијабетес рапидно расте. Според последните податоци во Радовиш има околу 540 пацинети на инсулин, а само пред две години имало 410, додека околу 2000 пацинети се на таблетарна терапија.

 Според официјалните податоци над 200.000 илјади граѓани на Македонија боледуваат од дијабетес, но се смета дека оваа бројка,  е поголема. Се претпоставува дека до 2025 година секој 9-ти граѓанин ќе биде дијабетичар, како резултат на пасивниот, односно физички неактивниот живот и нездравата исхрана.

Светскиот ден на дијабетесот за прв пат се одбележува во 1991 година.14 ноември се одбележува како ден на дијабетесот преку глобална кампања предводена од Светската здравствена организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од засилена грижа за превенција на оваа болест.

Дијабетесот е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе