Радовиш
Годинава во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Априлијада 2022“
Објавено на
Од
Media PressПо повод меѓународниот ден на шегата 1 -ви Април, Општина Радовиш и ЦК „Ацо Караманов“ од Радовиш и годинава ќе ја организираат традиционалната Априлијада на радост на сите дечиња од општината.
Априлијадата ќе биде организирана на 1-ви Април, петок со почеток од 10:30 часот.
Според програмата почетното дефиле ќе започне од пред зградата на Општина Радовиш во 10:30 часот и ќе продолжи по улица 22 Октомври се до плоштадот Свети Спасо Радовишки, каде во 11 часот поздравно обраќање на манифестацијата ќе има градоначалникот Ацо Ристов. Потоа ќе следува поединечно претставување на поединечни и групни маски по претходно утврден редослед и доделување на признанија.
Во годинашната Априлијада ќе бидат вклучени дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш и дечињата од сите основни училишта од општината, од Никола Карев и Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Кирил и Методиј од Ораовица, Коста Рацин од Подареш и Орце Николов од Ињево.
Оваа активност е предвидена согласно донесените годишни Програми и ативности на Општина Радовиш во областа на културата.
Традиционално Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април или „Априлијада“ се одбележуваше секоја година, но поради пандемијата од Ковид- 19 во изминатите две години оваа манифестација се сведе на одбележување во градинките и училиштата, без групирање и масовност.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

