Connect with us

Радовиш

Одржан првиот состанок за Проектот финансиран од ЕУ за воспоставување на систем за централно греење на јавни згради во Радовиш

Media Press

Објавено на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и претставници од општината го одржаа првиот работен состанок со Здружението „ЦеПроСАРД“ од Скопје кој е партнер за новиот проект „Зелена топлина (Green Heat) – воведување на ефикасна услуга за централно греење, ориентирана кон корисниците, базирана на обновливи извори на енергија“.

Проектот кој е финансиран од Европската унија е преку воспоставување на систем за централно греење да се овозможи современа, еколошка, општинска услуга за греење на јавни згради која ќе придонесе за подобрување на условите за живот на локалното население преку воспоставување на пилот-единица во Општината Радовиш.

Овој систем кој ќе биде прв од ваков вид во земјата ќе се базира на локално најдостапните обновливи извори на енергија – сончевата енергија и биомасата, а ќе поврзе пет јавни згради и тоа: Детската градинка „Ацо Караманов“ – објект Цветови, Основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“, Средното општинско училиште „Коста Сусинов“, Спортската сала „25 Мај“ како и општинската административна зграда.

Проектот предвидува формирање на локална група на клучни чинители која ќе учествува во процесите на донесување одлуки поврзани со воведување на новата услуга како клучен чекор за промовирање на учеството на јавноста во донесувањето одлуки воопшто.

Имплементацијата на проектот е организирана во повеќе активности вклучувајќи:

1. Воведна фаза – која вклучува спроведување на истражувања и анализи;

2. Воспоставување на услуга за централно греење преку мал, еколошки систем за греење базиран на ОИЕ;

3. Градење на капацитетите на клучните актери одговорни за успешна испорака на новата услуга за греење и

4. Промотивни активности за подигање на јавната свест за економските, социјалните и еколошките придобивки од новата услуга.

Проектот е финансиран од програмата IPA “EU for Municipalities” и неговото времетраење е од 15.01.2022 год. до 14.05.2022 год.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе