Connect with us

Конче

Лозарите од Конче го направија обичајот на празникот Свети Трифун, закроија и благословија за богат род

Media Press

Објавено на

Православните христијани денеска го слават Свети Трифун празник познат по обредното закројување на лозјата,  заштитник на лозовите и овошните насади. Лозарите и овоштарите од општина Конче денеска  го прославија празникот свети Трифун. Традиционално органзирани ги посетија своите овошни и лозови насади и го направија обичајот, да закројат и да залијат со црвено вино но и да се помолат за бериќетна година.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов годинава ги придружуваше лозарите и заедно со нив закрои. Тој  заедно со овогодишниот кум Ване Стојанов- Грне на  лозарите им посака богат род и бериќетна година.

По закројувањето веќе неколку години по ред прославата продолжува  во манастирот Свети СТЕФАН, каде се собираат голем број  лозари од Конче кои ја почитуваат оваа традиција, со вино и ракија да наздрават за уште една бериќетна година.  Прославата ја организира избраниот кум од минатата година  со помош на останатите лозари, со поддршка од општината и од спонзорства и истата освен со ручек е збогатена и со добра музика.

Кумот традиционално  дели  лепче со паричка за да се одреди кумот за наредната година кој ќе биде организатор на прославата. 

Инаку Свети Трифун  бил младо сиромашно момче со голема вера во бога и неговите молитви господ ги исполнувал, лекувал и им помагал на лугето, а се молел и за богат род на овошките и лозјето, затоа се смета за заштитник на лозарите и овоштарите, и не бил пијаница како што се мисли меѓу народот.

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе