Македонија
Општинските изборни комисии ги разгледуваат поднесените кандидатурите, најдоцна до 18 септември ќе ги достават листите до ДИК
Објавено на
Од
Media Press
Рокот за поднесување на кандидатски листи за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври, заврши во сабота на 11 септември на полноќ.
Општинските изборни комисии ги разгледуваат поднесените кандидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или им даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите.
Најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.
Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 26 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.
Со Кодексот учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната државна администрација, во други институции или установи финасисрани од Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините како и во трговски друштва и претпријатија со државен капител.
Со Кодексот учесниците во изборниот процес исто така недвосмислено се обврзуваат дека ниту едно вработено лице или граѓанин, нема да биде предмет на закана по однос на своето вработување или социјална сигурност, како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или независен кандидат.
Изборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 24 часот на 15 октомври. Изборната кампања за вториот круг на гласање ќе трае до 24 часот на 29 октомври.
Поврзани содржини

На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Народот на Македонија се одважи и излезе масовно на гласање, за 20 дена нов состав на Собрание

Шест од вкупно седум кандидати за претседател на државата го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Државната изборна комисија потврди дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено

ДИК објави, досега никој од кандидатите за претседател ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните

Од денеска започнува собирањето на потписи за кандидати за претседател и пратеници

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

